Пудрата на лицето може да се одржува дури и за време на топлите летни денови, ако ги применувате овие два совети. Подлогата што ја ставате е важна за одржување на шминката на лицето за време на летото, но уште поважна е текстурата на пудрата, како и начинот на нанесување. Квалитетните пудри се лесни, а бојата е природна.
Хидрирајте ја кожата
За да може шминката да остане на лицето со часови, потребно е кожата да биде добро хидрирана. Тоа значи дека треба да внесувате доволно вода и да користите хидратантна крема. Ако не го практикувате ова, кожата ќе лачи повеќе себум (природна телесна маст што ја лачат жлездите), а пудрата ќе се стопи.
Користете лесни пудри
Во текот на летото, кожата не трпи тешки пудри. Изберете висококвалитетни, лесни пудри во природна боја на кожата, кои не ги затвораат порите и не ја оптоваруваат кожата. Доколку сте исончани, одберете ја соодветната бронзена нијанса. Недостаток на лесните пудри е што не можат да ги покријат сите несовршености на кожата, но еден добар коректор е доволен да се поправи тој дел. Исто така, важно е да ја поправете шминката во текот на денот.
Leave a comment