АКТУЕЛНО

СЗО бара да се прекине субвенционирањето на тутунот, посочена и Македонија

Светската здравствена организација (СЗО) повика да прекине субвенционирањето на тутунот во многу земји, укажувајќи на штетното влијание на оваа култура врз здравјето на луѓето. СЗО во извештајот ги посочи европските земји кои одгледуваат тутун, вклучително и Северна Македонија, која, како што се наведува, е меѓу 20-те најважни извозници на тутун во светот.

Одгледувачите на тутун во земјава добиваат субвенции до 2.507 долари по хектар, додека пченицата се поддржува со максимум 269 долари.

„Тутунот е одговорен за осум милиони смртни случаи годишно, но владите ширум светот трошат милиони за поддршка на фармите за тутун“, рече шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус пред Светскиот ден без тутун, кој се одбележува на 31 мај.

Со изборот да одгледуваме храна наместо тутун, истакна Гебрејесус, даваме приоритет на здравјето, ги зачувуваме екосистемите и ја зајакнуваме безбедноста на храната за сите.

Во Швајцарија, тутунарите добиле повеќе од 32 милиони долари субвенции меѓу 2015 и 2020 година. Во САД и Аргентина, по неколку стотици милиони долари од парите на даночните обврзници се слеале во одгледувањето тутун во овој период, се вели во извештајот.

Севкупно, тутунот го има на 3,2 милиона хектари во 124 земји во светот, при што многу земјоделски работници се разболеле од екстремно високата изложеност на никотин.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“ победник на ораторската вечер „Иво Пухан“

Студентката Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и...

АКТУЕЛНО

Ќе се постават 15 велосипедски паркинг- држачи во основните училишта и две сервисни станици

Основните училишта на територијата на Општина Гази Баба ќе добијат велосипедски паркинг-...

АКТУЕЛНО

Општина Карпош добива овластен просветен инспектор во образованието

Во рамки на триесет и шестата седница која се одржа на Универзитетот...

АКТУЕЛНО

За една недела „пајакот“ крена 224 непрописно паркирани возила во Центар

За една недела на територија на општина Центар казнети се 224 возачи...