МАГАЗИН

Принцот и принцезата од Монако ќе добијат своја ТВ-серија налик „Круна“

MONTE-CARLO, MONACO - SEPTEMBER 24: HSH Princess Charl?ne of Monaco and HSH Prince Albert II of Monaco attend the Monte-Carlo Gala For Planetary Health on September 24, 2020 in Monte-Carlo, Monaco. (Photo by Pascal Le Segretain/Getty Images for La Fondation Prince Albert II de Monaco)

Британското кралско семејство има многу замерки за продукцијата на серијата „Круна“ (The Crown), што ја прикажува нивната семејна историја во шест сезони, но според познавачите, серијата е и заслужна за зголемувањето на популарноста на кралската куќа. Кнежевското семејство на Монако, од друга страна, се чини самото е подготвено „да им ја сервира“ својата приказна на гледачите.

Тоа би го следело владејачкото семејство Грималди сегашниот принц Албер Втори и принцезата Шарлин, како и нивните претходници, починатиот принц Рение Трети, кој се ожени со холивудската глумица Грејс Кели. Но, прво се планира филм, а подоцна тоа можеби ќе се развие во ТВ-серија. Сепак, овојпат проектот и продукцијата се во рацете на оние на кои најмногу им веруваат – самото владејачко семејство.

Проектот е потпишан од продукциска куќа предводена од синовите на принцезата Каролина од Хановер, инаку внуци на Грејс Кели – Андре Казираги, Пјер и неговата сопруга – Беатрис Казираги (родена со презимето Боромео).

Називот на првиот филм е „Part I – The Rock“ („Поглавје I – Каменот“), и тој ќе се сосредоточи на првото заземање на Кнежевството Монако од страна на Франческо Грималди кон крајот на 13. век. Поддржувајќи го папата и заземајќи став против светиот римски император, тие станале господари на Монако во 15. век. Секој принц (кнез) од Монако го носи презимето Грималди, а тоа го прави најдолговечното владејачко семејство во Европа.

Според развојот на настаните, постојат амбиции и за цел серијал филмови, а можеби и за серија, бидејќи историјата на Грималди е повеќевековна.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

МАГАЗИН

Совети за родители и поуспешни деца

Начинот како се разговара со децата и како родителот се однесува во...

МАГАЗИН

Марго Роби подготвува филм за играта „Монопол“

о светскиот успех на филмот „Барби“, Марго Роби повторно му се навраќа...

МАГАЗИН

И покрај благодетите на јаболката, постои момент кога не смеете да ги консумирате

Она што повеќето луѓе не го знаат е дека постои одредено време...

МАГАЗИН

Минатиот месец забележан како „најтоплиот март“ во светот

Минатиот месец беше „најтоплиот март“ забележан на глобално ниво, според мерењата направени...