КУЛТУРА

Денес во НОБ мултимедијален настан за клупска сцена, квир култура и феминизам

Денес во 20 часот во Националната опера и балет (НОБ) ќе се одржи мултимедијален настан, „Дозволете да ве забавиме и образуваме“ во организација на музичката платформа „Терапија“.

Ќе учествуваат уметници и артисти од Македонија, но и од државите од регионот, како: Богомир Дорингер, Србија (артист, истражувач и куратор), Астрит Исмаили, Косово (артист), Voin de Voin, Бугарија (артист, куратор и активист), како и Агнес Нокшиќи, Косово (диџеј).

Модераторка е Ивана Драгшиќ. Во ликовниот дел, изложбa ќе има уметникот Антони Мазневски.

Перформансите, предавањата ќе се однесуваат на електронската музика, клупската сцена, квир културата и рејвот, феминизмот.

Билетите се по цена од 200 денари и можат да се набават при влезот во НОБ.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Министерството за култура го објави конкурсот за Град на културата за 2024 година

Министерството за култура го објави конкурсот за финансирање проект од национален интерес...

КУЛТУРА

Седмо издание на „Винодонија“ на 8. и 9. декември во Скопје

На 8 и 9 декември во Скопје ќе се одржи седмото издание...

КУЛТУРА

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ во Драмски театар Скопје

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ вечерва ќе се одржи во Драмскиот...

КУЛТУРА

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе вечерва во НОБ

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе, ќе се изведе на сцената на Националната...