КУЛТУРА

Второ издание на Нихон-џи, фестивалот на јапонска култура

Денес во Национална галерија „Мала станица“ во Скопје ќе се одржи второто издание на Фестивалот за јапонска култура „Нихон-џи“. Оваа година тој се одржува под слоганот „Неонски бранови“, а го организира неформалната организација japan@mk.

Се најавува уште побогата програма од минатогодишниот фестивал, овојпат фокусирајќи се на мноштвото контрадикции кои ги содржи јапонската култура, а кои сепак симбиотично и беспрекорно функционираат заедно. Публиката ќе има можност да проследи презентации и работилници поврзани со традиционална и поп-култура и панели на општествени и филозофски теми, како и такви кои имаат врска со технологија.

Присутните ќе уживаат во забавни дебати предводени од членови на дебатниот клуб МОФ и квизови организирани од волонтерите на фестивалот за аниме. Особено атрактивен е и гејминг делот во чии рамки ќе се одржат два турнира, катче за друштвени игри и бројни други изненадувања. Програмата ќе биде дополнително збогатена со читање на хаику поезија и музички настапи во живо на Елена Христова, музичкиот состав Maribosi и DJ сет на Andrea Hz.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Филмови на Јан Кадар во Кинотека

Филмови на еден од најголемите режисери на денешницата, словачкиот режисер Јан Кадар...

КУЛТУРА

Изложба на фотографии на украинска визуелна уметница Софија Чотирбок

Во Националната Галерија Мала Станица се отвара изложбата на фотографии насловена како...

КУЛТУРА

Традиционален „Зимски салон 2024“ на ДЛУМ во Чифте амам

„Интимност и интерконекција“ (Intimacy and Interconnection) е насловот на биеналната изложба „Зимски...

КУЛТУРА

„Кобалт Синергија“ во галеријата на МКЦ

Во галеријата на Младински културен центар во Скопје овој петок (23 февруари)...