АКТУЕЛНО

ВЕЛОСИПЕДИ ПА ТРОТИНЕТИ: Го уништува ли некултурата секој проект за граѓаните

Во Скопје години наназад се спроведуваат проекти за алтернативен превоз, односно за движење низ градот без автомобили. Пред речиси една деценија се отпочна со изнајмување велосипеди, а месецов почнаа да се рентаат и електрични тротинети. Првиот проект отиде во заборав, велосипеди за изнајмување веќе нема, а како стојат работите со тротинетите, се чини дека за брзо време и тие ќе се изгубат од скопските улици.

Пред десеттина години ексградоначалникот Коце Трајановски реализираше проект преку кој граѓаните можеа да  изнајмат велосипеди по цена од 10 денари за еден час. Сега ваквото алтернативно движење е малку поразлично, новите електрични тротинети чинат девет денари, но по минута.

Скопјани за оваа новина велат дека е скапа, делумно небезбедна и не можат да се возат низ сите делови од градот. Според сликата од терен може да се забележи дека електричните тротинети главно се користат од тинејџери за забава и рекреативни цели.

Во пракса и двата проекти кои се за доброто на сите, станаа жртви на вандалистичкото однесување и некултура на несовесни граѓани. Дел од нив комплетно се уништија, искршија или украдоа.

Изнајмувањето на велосипедите освен што имаше низа недостатоци, особено во делот на самото изнајмување и недоволниот број на пунктови за нивно преземање и оставање, за кусо време се оштетија, а Градот немаше есап да ги поправа и да го обновува овој возен парк.

Но, дека проблемот не е само околу пунктовите и поправките, покажува и актуелниот проект со изнајмувањето електрични тротинети. Иако сега изнајмениот тротинет може да се остави било каде, граѓаните во рок од само неколку дена, ги уништија, вандализираа, па дури и се обидоа да ги украдат.

Овие проекти сè со цел намалување на загаденоста во главниот град, како и за унапредување на здравјето на луѓето, но и за поттикнување на граѓаните да користат алтерантивни начини на превоз.

Во 2010 година ЈП „Градски паркинг“ располагаше со 120 велосипеди, кои можеа да се изнајмат на неколку локации во главниот град. Исто така, се нудеше и опција за месечна претплата од 1.500 денари за градски велосипед. Години наназад не само Град Скопје, туку сите Општини даваат субвенции за купување на велосипеди и електрични тротинети.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Од утре стартува дневната евтина тарифа на струјата

Од утре стартува евтината дневна тарифа на струјата во периодот од 13...

АКТУЕЛНО

Кисела Вода набавува мерна станица за квалитет на воздух што ќе се постави кај Цементарницата

Општина Кисела Вода вчера го распиша огласот набавка на мерна станица за...

АКТУЕЛНО

Скопската зоолошка градина демантира дека немаат адекватен кадар за грижа за животните

Скопската зоолошка градина има двајца дипломирано ветерирани со полно работно време кои...

АКТУЕЛНО

Започна реконструкцијата на улицата „Калош Дани“ во Карпош

Започна реконструкцијата на улицата Калош Дани во општина Карпош. Екипите на јавното претпријатие...