Градоначалничката Данела Арсовска замина за Париз на меѓународниот самит „ChangeNOW 2023“. Арсовска заедно со 30 градоначалници од светот на самитот ќе се запознаат со најновите иновации за справување со урбаните предизвици, а како што стои во соопштението од Градот ќе разменат добри практики и позитивни искуства за креирање паметни и одржливи градови, преку експертски работилници и билатерални состаноци.
„На самитот градоначалниците имаат можност да идентификуваат конкретни решенија кои се однесуваат на потребите и интересите на градот, како решенија за биоотпадот, зелената и урбана мобилност, преку размена на искуства и споделување на најдобрите практики и механизми за нивна имплементација на локално ниво“, се вели во соопштението од Град Скопје.
Меѓународниот самит „ChangeNOW“ е еден од најголемите глобални настани, каде што се развива програмата за одржливи градови.
Leave a comment