АКТУЕЛНО

Јавен повик за реконструкција на фасади на колективни станбени згради во Центар

Општина Центар објави јавен повик за реконструкција на фасадите на станбени згради. Реконструкцијата опфаќа обновување на постојната фасада со нова термичка (енергетски ефикасна) фасадна обвивка, односно фасаден систем, на постојни станбени згради на територија на општината.

Право на учество на Јавниот повик имаат заинтересираните заедници на сопственици на станови во колективни станбени згради од подрачјето на Општина Центар што ги исполнуваат следниве услови:

  • Зградата да е постара од 25 години;
  • Сопствениците на станови да имаат регистрирано заедница на сопственици или да имаат избрано управител на станбената зграда;
  • Да нема протекување од кровниот покривач;
  • Да не се изведуваат градежни активности на зградата во текот на процесот на аплицирање (на надворешната површина, носивната конструкција и друго.);
  • Сопствениците на станови да одобруваат анкетирање, енергетски контроли и промотивни активности на нивната зграда;
  • Најмалку 70 % од сопствениците на станови сами да ги заменат индивидуалните балконски врати и прозорци;
  • Сопствениците на станови сами да ги заменат прозорците и надворешните врати од заедничките простории (прозорци од скалишни јадра, подрумски простории, комуникации, сушалници и пералници и други простории што се во сопственост на заедницата на сопственици на станови);

Заинтересираните заедници на сопственици на станови во колективни станбени згради поднесуваат пријава на образец што може да го подигнат на пријавницата во барака 3, во Архивата на Општина Центар во барака 6 или на интернет-страницата на општината.

Со пријавата се доставува следнава документација:

  • Правосилно РЕШЕНИЕ за реконструкција на фасада;
  • Одлука донесена од станарите за избор на претседател на заедницата на сопственици на станови или договор за управувачки услуги (доколку работите на управувањето со станбената зграда му се доверени на управител);
  • Тековна состојба од Централен регистар, не постара од шест (6) месеци;
  • Доказ за старост на зградата (копија од одобрение за градба, копија од договор за купопродажба на стан или сл.);
  • Изјава заверена на нотар дека нема протекување од кровниот покривач (дадена од управителот или претседателот на ЗС);
  • Изјава заверена на нотар дека на зградата не се вршат градежни активности при аплицирањето (дадена од управителот или претседателот на ЗС);
  • Изјава заверена на нотар дека најмалку 70 % од сопствениците на станови ја замениле или ќе ја заменат фасадната столарија на нивната станбена единица (балконски врати и прозорци) до моментот на започнување на работите за реконструкција на фасадата (дадена од управителот или претседателот на ЗС);
  • Изјава заверена на нотар дека е заменета фасадната столарија (прозорците и надворешните врати) од заедничките простории (прозорци од скалишни јадра, подрумски простории, комуникации, сушалници и пералници и други простории што се во сопственост на заедницата на сопственици на станови) или ќе бидат заменети до моментот на започнување на работите за реконструкција на фасадата (дадена од управителот или претседателот на ЗС);
  • Договор со спецификација со цени на чинење склучен помеѓу заедницата на сопственици или управителот за вршење дејности на управување со станбена зграда, од една страна, и правен субјект со лиценца за изведувач, од друга страна, во кој ќе бидат утврдени роковите за изведба и висината на договорот со вклучен данок на додадена вредност. Приложениот договор да биде заверен со архивски број на двете договорни страни;
  • Извод од сметка на заедницата на сопственици или управителот за вршење дејности на управување со станбена зграда како доказ дека е обезбеден останатиот дел од средствата за реконструкција на фасадата;
  • Податоци од сметка за уплата на која ќе се уплати надоместокот за реконструкција во висина од 30 % од вкупната вредност на енергетски ефикасната фасада, но не повеќе од 1.000.000,00 денари.
  • Фотодокументација (фотографии од фасадата, заедничките простории, столаријата и слично);

Пријавите и целата документација може да се достават од 1.6.2023 година до исцрпување на средствата.

Пријавите и другата документација, во затворен коверт, се доставуваат во Архивата на Општина Центар, на ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, Скопје, во барака 6, адресирани до Стручна комисија за реконструкција на фасади на колективни станбени згради, секој работен ден од 9 до 15 часот или по пошта на ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, Скопје.

Проектот ќе биде поддржан со финансиски средства од општинскиот буџет, во висина од 30 отсто од вкупниот износ од вредноста на енергетски ефикасната фасада на станбената зграда за колективно домување, но не повеќе од 1.000.000 денари за секоја одобрена апликација, поднесена од заедница на станари или од мнозинство сопственици на посебни делови од станбената зграда апликантот;

Јавниот повик ќе се реализира со селекција што ќе се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“.

*Предуслов за добивање финансиски средства е да се обезбеди правосилно РЕШЕНИЕ за реконструкција на фасада во согласност со законските прописи.

Барањата за реконструкција на фасадата на станбената зграда се однесуваат на постојниот објект како целина (не поединечни влезови) преку поставување термоизолациона фасада на станбената зграда.

Барањата што се однесуваат на делумна реконструкција нема да бидат земени предвид.

При рангирањето на колективните станбени згради што ги исполнуваат наведените услови, како критериум ќе се користи и целосната и навреме доставената документација, како и посебните услови што се неопходни за реконструкција.

Предмет на разгледување нема да бидат објекти кај кои веќе е извршена реконструкција на фасадата пред објавувањето на овој Јавен повик.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...