МАГАЗИН

„Фламинго“ потпетиците на „Москино“ речиси распродадени за 835 евра чифт

„Фламинго“ потпетиците од италијанскиот моден бренд „Москино“ (Moschino) се распродадоа речиси целосно, кусо време откако се појавија на пазарот.

Цената на чифт од овие необични салонки е 835 евра, а судејќи според нивната официјална интернет-продавница, тие сè уште се достапни само во малку броеви. Инаку, креативниот директор на овој бренд, Џереми Скот за овогодишната колекција пролет-лето се инспирираше од необичен додаток за летните забави на базени и плажи.

Линијата беше претставена уште лани во септември, на Модната недела во Милано, кога ревијата почна со црно-црвени комбинации украсени со срциња. Потоа следеа креации со цветни мотиви и палета неонски јакни.

Во таа смисла, посебно се истакнаа овие розови салонки со облик на фламинго на врвот, што го воодушевија модниот свет, па не чуди што уште сега се речиси распродадени.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Најчитани статии на Википедија за 2023 година: ChatGPT е на врвот со 49 милиони прегледи

Милиони ширум светот се обраќаат до бесплатната онлајн енциклопедија „Википедија“ за полесно...

МАГАЗИН

Девојката која не постои, ја објави својата прва песна

Виртуелниот ентитет Ана Индијана на својот простор на социјалната мрежа „X“ ја...

МАГАЗИНПРИКАЗНИ

Зоолошката градина во Загреб – волшебен микросвет кој плени со својата хармонија

Зоолошката градина на градот Загреб е една од трите зоолошки градини во...

МАГАЗИН

Жителка на Уганда родила близнаци на 70 години

Државјанка на Уганда, која има 70 години, родила близнаци, по вештачко оплодување....