АКТУЕЛНО

Седница за банкротот на Град Скопје во вторник

Во вторник на редовната 30.седница на Советот на Град Скопје, градоначалниката Данела Арсовска треба да даде одговори каква е финансиската состојба на Градот, зошто тој е доведен пред банкрот и му беше блокирана сметката.

Советниците на СДСМ уште на 15 мај побараа да се одржи вонредна седница откако сметката на Градот беше блокирана поради наплата на долг по добиен судски спор. Но, претседателот на Советот Трајко Славески седница не закажуваше, правдајќи се дека градоначалничката не му доставува матријали по кои ќе се дискутира. Сега оваа точка е ставена како прва на редовната седница, која ќе се одржи по 20 дена откако Градот остана со блокирана сметка.

На седницата по барање на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ е ставена и точка за состојбата со мостот „Беласица“ кој е затворен за сообраќај откако на 11 мај беше запален. Деканот од Градежен факултет Горан Марковски по пожарот кажа дека мостот може да биде затворен најмалку една година бидејќи е потребни се сериозни испитувања во каква состојба се наоѓа и колкаво е оштетувањето. Но, Арсовска ваквите изјави на деканот ги нарече дека се ширење паника и десет дена по пожарот одржа прес-конференција на мостот заедно со ексдиректорот на ИЗИИС Михаил Гаревски, на која беше кажано дека нема да биде потребна сериозна санација.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

„Анима мунди“ бара да почне процес на затворање на зоолошките градини

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ бара да се започне процес...

АКТУЕЛНО

Хуманитарен настан за лекување на Кара Селовска

Општина Центар денес во Паркот на Франкофонија организира музички хепенинг за собирање...

АКТУЕЛНО

Четирите дами на „Destiny Quartet“ ги наполнија со љубов срцата на публиката во Филхармонија со „Јовано Јованке“ и „Џипси сонг“

Четирите дами Гергана Алексиева и Венета Гудева на виолина Александрина Митева на...

АКТУЕЛНО

Јуниорите на Работнички ќе тренираат бесплатно во салата на „Коле Неделковски“

Советот на Општина Центар го усвои предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за...