ИНФО

ОД ПРВИ ЈУЛИ ДЕНСКА ЕВТИНА СТРУЈА

Од 1. јули годинава граѓаните најверојатно повторно ќе имаат можност да користат евтина дневна тарифа на електричната енергија, најави денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи.

„Се прават последните анализи дали може да се врати евтината тарифа и таа најверојатно ќе биде вратена од 1 јули“, изјави Битиќи во гостувањето во „Утринската програма“ на телевизија Телма.

Тој посочи дека висината на цената на струјата преку соодветни параметри ја определува Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), која се очекува да ја донесе конечната одлука кон крајот на јуни. Вицепремиерот во гостувањето најави и дека стапката на данокот за додаден вредност (ДДВ) за струјата од 10 отсто постепено ќе се враќа на 18 проценти, за што анализите се при крај.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Изложба на ДЛУМ по повод 30. Министерски совет на ОБСЕ

Во хотелот „Александар Палас“ ќе биде поставена изложба во чест на триесетиот...

ИНФО

Утре бесплатно паркирање во зоните на „Градски паркинг“

Поради одржување на Самитот на ОБСЕ на зонските паркиралишта во надлежност на...

ИНФО

Шалтерите на Водовод денес и утре со скратено работно време

Денес, шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието Водовод и канализација ќе работат...

ИНФО

Посебен режим на сообраќај денес и утре

Денес (среда) во период од 13 часот, па сè до завршување на...