ИНФО

Најмладите од градинката „Пролет“ во Карпош одблиску се запознаа со полициските службеници

Денеска децата од детската градинка „Пролет“ од Карпош беа на посета во базата на Единицата за брзо распоредување, во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“.

Реализираната посета е согласно програмските определби на установата во рамки на кои е предвидено најмладите поблиску да се запознаат со дел од професиите, во случајот со професијата полициски службеник – припадник на Одделот за специјални полициски операции, велат надлежните.

Во текот на посетата децата имаа можност во непосреден контакт со припадниците на ЕБР да слушнат за задачите на оваа единица, компетенциите кои се неопходни за да се биде дел од неа, но и образовните предизвици и физичката кондиција кои овие припадници мора да ги имаат и континуирано да ги одржуваат за да бидат секогаш подготвени за извршување на најтешките полициски задачи во интерес на безбедноста на граѓаните. Најмладите воедно се запознаа и со дел од опремата и специјалните возила кои ги користат припадниците на ЕБР во текот на извршувањето на своите задачи, појаснија од МВР.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

ИНФО

Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните...

ИНФО

164 шофери заработија казни од полицијата, најмногу за брзо возење

Скопската полиција во текот на вчерашниот ден казни 164 возачи. Од нив...

ИНФО

ДНЕВНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

Времето денес ќе биде променливо облачно и релативно топло, претежно во западните...

ИНФО

Во Скопје изречени 161 мерка за прекршоци во сообраќајот

На територија на Град Скопје, Секторот за внатрешни работи во текот на...