АКТУЕЛНО

Мостот во Аеродром оставен од Арсовска за ловење риби

Новиот мост „Михајло Апостолски“ кој треба да го поврзе општините Аеродром и Гази Баба оставен е од градоначалничката Данела Арсовска за ловење риби. Година и половина откако на функција дојде Арсовска не терен нема никакви активности. Мостот е целосно завршен, извршен е и технички прием, но стои затворен и ограден со бетонски столбови бидејќи не се врши пробивање на трасата и не се иведуваат приклучоците кон ТЦ „Ист гејт“.

Арсовска кога стапи на фунцкија изјави дека тој мост не може да се пушти во употреба и ќе биде за ловење риба оти нејзиниот претходник Петре Шилегов не ги решил имотно-правните односи на трасата која треба да минува низ населбата Ќерамидница. Неколку месеци потоа изјави дека Градот под нејзино раководство почнал да работи на експропријацијата и дека мостот ќе биде пуштен во употреба кон крајот на 2023 година, а неколку месеци порано приклучокот кон „Ист гејт“. Но, на терен нема никави активности, па нема шанси трасата да биде пробиена и мостот да биде пуштен во сообраќај.

Со тоа сега овој дел од  градот нема алтернативен начин за движење откако за сообраќај е затворен мостот „Беласица“ по пожарот кој го зафати.

Мостот од Аеродром кон Гази Баба и пробивањето на булеварот АСНОМ низ Керамидница почна во март 2020 година. Изградбата на мостот чинеше 6 милиони евра, а вкупната вредност на проектот е 16 милиони евра односно околу 8 милиони евра се потребни за експропријација на имотите кои се наоѓаат на трасата.

Откако ќе биде завршен и пуштен во употреба овој нов коридор, од Ново Лисиче до Судската палата со автомобил ќе се стигнува за 5 минути, со автобус за 10 минути, со велосипед за 18 минути, а со пешачење за 35 минути

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Утре бесплатен разглед на Скопје по повод Светскиот ден на туристички водичи

По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската aсоцијација на туристички водичи...

АКТУЕЛНО

Прва канцеларија за родителство во Карпош

Во рамки на програмските активности на Општина Карпош, денес се одржа работен...

АКТУЕЛНО

Поставени две кутии за донација пред влезот на ЗОО

Скопската Зоолошка градина се приклучува на хуманитарната акција за успешно лекување на...

АКТУЕЛНО

Нов кош, голчиња и детски реквизити на спортските и на детското игралиште во населбата Пролет

Општина Центар ги реконструираше малото фудбалско, кошаркарско и детското игралиште во населба...