КУЛТУРА

Денови на шпанската литература во Скопје

Во свечената сала на Друштвото на писателите на Македонија денеска со почеток во 11 часот, ќе се одржи манифестацијата „Денови на шпанската литература“.

Како што информираат од Друштвото на писателите на Македонија, манифестацијата ќе започне со блокот  „Поезија од Лорка“, во интерпретација на Лилјана Стоилковска и учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Скопје.

Свеченото отворање на манифестацијата ќе биде со поздравен говор на Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија и Хосе Луис Лосано Гарсија, амабасадор на Кралството Шпанија во Република Северна  Македонија.

Осврт за објавените шпански автори и дела на македонски јазик ќе има д-р Марина Мијаковска од Народната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје.

На свеченоста, ќе бидат врачени и признанија за преводите од шпански на македонски јазик и од македонски на шпански јазик на професор д-р Огнена Никуљски, на амбасадорот Хосе Луис Лосано Гарсија и заменик шефот на Мисијата, Ернесто Хередеро дел Кампо – за презентацијата, афирмацијата, размената и соработката на шпанската и македонската книжевност, уметност и култура.

Манифестацијата ќе заврши со трибина на тема „Подотворениот прозорец кон Шпанија и шпанската литература”, а на трибината ќе учествуваат професор д-р Христо Петрески (модератор), професор д-р Огнена Никуљски, професор д-р Кристина Николовска, професор д-р Александар Прокопиев, професор д-р Наташа Сарџоска и м-р Стефан Марковски.

Дополнително, од 25 мај – 10 јуни, во книжарниците во Скопје и низ државата ќе има промоции и попусти на книгите од шпански автори.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Разни поетски настани, домашни и странски учесници на годинешниот „Скопски поетски фестивал“

Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒...

КУЛТУРА

Трибина на тема „Големи приказни од мали земји“, средба со писателката Зејнеп Севде

Богата програма од дури осум настани во Младинскиот културен центар најавува 6....

КУЛТУРА

„Литера 2024“: Книгите, приказните, уметноста ги носат децата на магични патувања

Литературата и илустрацијата имаат специјално место во срцата на децата. Низ книги,...

КУЛТУРА

Изложба ”Професори и студенти” во МКЦ

На 14 јуни во Младинскиот Култирен центар ќе се отвори изложбата со...