РИТАМ НА ГРАДОТ

ЏАМЛИИ, ЛАСТИК, ПЛОЧКА, НАРОДНА: Дојдете утре на „стари игри“ во Музеј на Македонија

Првото издание на фестивалот „Стари игри” ќе се одржи на 27 мај 2023 година со почеток во 11 часот пред платото на Музејот на Македонија. Добредојдени се сите деца, млади, родители, баби и дедовци. Да се потстетиме на игрите од нашето детство, пренесувајќи ги на модерните деца и информирајќи ги за нивното потекло, повикуваат организаторите.
Интересен е фактот што некои игри се стари неколку милениуми. Некои од овие претпоставки, податоци и историја ќе бидат поделени на учесниците во вид на брошурка подготвена од етнологот Душица Брасиќ.
Во рамките на овој фестивал учество ќе земат околу 100 основци (од петто до деветто одделение) од различни училишта од државата а дел од игрите ќе имаат и натпреварувачки карактер.
Настанот е отворен за сите и вклучува посета на музејот за учесниците и музички перформанс на уметничкиот центар „Полифонија“.
Настанот кој е поддржан од Министерството за култура и секторот за културно наследство, е во организирација на здружението ,,Детски свет” и во соработка со Музејот на Македонија.
„Детски Свет“ (Децата и младите во акција за подобар свет) е непрофитна организација која од своето основање до денес, спроведува бројни проекти значајни за општеството и културата, каде преку разновидни едукативни работилници постигнува огромни резултати во однос на активното учество на децата и младите во промовирањето на културно-уметничкиот живот во РСМ. Целта на Детски Свет е да се зголеми свеста за важноста на неформалното образование при активното вклучување во процесот на развојот на културата и уметноста во земјата. Во својата историја, здружението организираше (како главен носител) над стотина различни видови на настани, претстави и концерти како и континуирана едукација од областа на уметноста и културата. Работното портфолио на „Детски Свет“ вклучува соработка и проекти со реномирани организации како што се Министерството за култура и Министерството за образование на РСМ, првата детска амбасада „Меѓаши“, Про-Хелветика, Гете-институт, неколку странски амбасади, како и домашни државни институции – Национална Опера и Балет , Македонската Филхармонија, Национално музичко училиште, Универзитетот Европа Прима и Драмски Факултет во Скопје, Младински Културен Центар, Град Скопје, Еразмус+, Виенските конзерваториуми Шпилштат и Прајнер, Сплитскиот Универзитет во Хрватска, неколку северноамерикански музички училишта и др. Поради овој вид стратегија водена од новата рамка за европска соработка, здружението е насочено кон зајакнување на креативноста и иновативноста, вклучувајќи и претприемништво/иновативност на сите нивоа на образование и обука. Во тој контекст здружението ги промовира образованието и културата со цел да ги зајакне капацитетите при компатибилност со светските стратешки ориентации.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

РИТАМ НА ГРАДОТ

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“ на Елеора Венинова

Вечерва со почеток од 20 часот во Киноверзум – Дом на култура...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Голема ретроспективна изложба на сликарот Мирослав Масин е поставена во Даутпашин амам

Ретроспективната изложба на извонредниот македонски сликар и еден од ретките боеми кај...

АКТУЕЛНОРИТАМ НА ГРАДОТ

Утре започнува „Статуафест“

Утре (16. мај) со почеток од 18:30 започнува „Статуафест“, а истиот ќе...

РИТАМ НА ГРАДОТ

„ВИДИК“ — нов фестивал во организација на Литература

Утре во Кафе Книжарницата „Литература“, заочнува новиот фестивал „ВИДИК“  организација на Literatura.mk....