АКТУЕЛНО

Арсовска не одговара дали ќе го разреши директорот на ЈСП кој со службено возило на празник беше во Грција

Градоначалничата Данела Арсовска не одговори дали ќе го разреши неодамна именуваниот в.д. директор на јавното претпријатие ЈСП Скопје, Крсте Петревски кој во средата со службено возило беше на приватно патување во Грција. И покрај прашањата, од кабинетот на Арсовска не дадоа ниту одговор дали случајот ќе се разгледа и ќе се преземат одредени санкциии затоа што Петревски користел службено возило за лични цели.
Ниту од јавното претпријатие не добивме одговор зошто директорот на ЈСП со службено возило на 24 овој месец бил во Грција.
Како што објавивме вчера, Петревски на државниот празник Св. Кирил и Методиј со службен автомобил е забележан како ја поминува македонско-грчката граница и возилото е фотографирано пред грчкиот фришоп.
Петревски е директор на ЈСП Скопје од пред месец и половина и на функцијата дојде од директорското место во ЈП Градски Паркинг. Тој е трет по ред директор на ЈСП, во мандатот на градоначалничката Арсовска.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Шахот ги освои учениците од Кисела Вода

Шаховскиот Сојуз на Град Скопје, месецов, ги заврши квалификационите училишни натпревари во...

АКТУЕЛНО

Оперската претстава „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини на 2 март во НОБ

На 2 март со почеток во 20.00 часот во Националната опера и...

АКТУЕЛНО

Саем на мебел во Скопје од 20 до 24 март

Од 20 до 24 март во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Комерцијална банка донираше имот на Општина Центар за изградба на јавна зелена површина

По барање на Општина Центар, Комерцијална банка донираше имот за изградба на...