АКТУЕЛНО

УЧИЛИШТАТА ДОБИЈА НАСОКИ: Еве како треба да се постапува за подинување на безбедноста и превенција од меѓуврсничко насилство

Министерството за образование и наука, на сите основни и средни училишта во државата им додели јасни насоки за подинување на безбедноста и превенција од меѓуврсничко насилство.

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири на адреса на директорите на сите училишта, испрати инструкции, поточно упатства кои треба да ги следат, за подинување на безбедноста и превенција од меѓуврсничко насилство.

Според министерот Шаќири, насоките се креирани во соработка стручен тим, се со цел со цел во овој период, но и во иднина да се реагира внимателно и правилно во насока на подигнување на безбедноста во училишните објекти и превенирање на меѓуврсничкото насилство.

  1. Сите локални самоуправи во соработка со  Меѓуопштинските центри за социјална работа, да формираат стручни тимови на ниво на општина во чиј фокус на работа ќе бидат разговори поединечно со секое дете/ученик во секое училиште.
  2. Државниот совет за превенција на детско престапништво треба да достави информации за работата и колку општински совети за превенција се опфатени, a во следниот период да ја засили комуникацијата со МОН за преземање активности за градење на доверба и добросостојба во училиштата, односно да се засилуваат превентивните мерки.
  3. Сите основни и средни училишта да одржат состаноци со сите родители/старатели на тема подобрување на процесите, безбедноста, организацијата и состојбите во училишните објекти и околината. На состаноците, потребно е да се отвори темата дали се потребни училишни униформи, како кодекс на облекување на учениците, родителите да се запознаат со етичкиот кодекс на наставниците како и да се размисли за надополнување на постоечките кодекси со правила за облекување на наставниот кадар и стручните служби.
  4. Во случај на кризни ситуации кои можат негативно да влијаат на однесувањето на учениците, потребно е менаџментите, наставниците и стручните служби треба да одговорат соодветно, да дискутираат и да влијаат на менталната состојба на младите, да понудат поддршка за надминување на предизвиците и да овозможат смирување на несигурноста и задржување на чувството на безбедност во училиштето.
  5. Основните и средни училишта да направат организација и протокол за начинот на користење на мобилните телефони на учениците и наставниците за време на часовите и во просториите на училиштата. Користење на мобилните телефони во училниците потребно е да се ограничи со цел да се поттикне дискусија, размена на идеи, отворени разговори, фокусирање на содржината на учење и друго.
  6. МОН и Бирото за развој на образованието треба да подготват листа на ресурси за кои ќе се дискутира на одделенски/класен час помеѓу наставниците и учениците, а ќе служат за унапредување на добросостојбата на учениците. По пример на Прирачници за животни вештини и Програмаза психосоцијална помош и поддршка во унапредување на добросостојбата и менталното здравје на децата и младите во образовните, здравствените и загрижувачките институции и средини.
  7. Во новата Годишна програма за работа на училиштата да се развијат и дополнително зајакнат превентивни програми за промоција на добросостојбата на учениците, заштита од насилство, злоупотреба и запуштање, спречување дискриминација, соработка со родителите, односно старателите. Активности за развивање на емоционални вештини и компетенции, за намалување од ризикот од психолошки нарушувања, појава на анксиозност и депресивност, со посебен фокус кон учениците кои се под зголемен ризик.
  8. Училиштата кои треба да  обезбедатконтинуирано непречени услови за стручните соработници да се фокусираат на училишната клима, грижата за менталното здравје и добросостојбата на учениците, а тоа значи да имаат простор и услови со цел да бидат отворени за тет-а-тет средби со учениците во секој момент.
  9. МОН заедно со стручни соработници од основни и средни училишта, претставници на Сојузот на средношколци, универзитетски професори, Бирото за развој на образованието и Државниот просветен инспекторат ќе формираат работна која ќе треба да креира протокол за советодавна работа при обезбедување поддршка за психосоцијално и ментално здравје на учениците.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“ победник на ораторската вечер „Иво Пухан“

Студентката Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и...

АКТУЕЛНО

Ќе се постават 15 велосипедски паркинг- држачи во основните училишта и две сервисни станици

Основните училишта на територијата на Општина Гази Баба ќе добијат велосипедски паркинг-...

АКТУЕЛНО

Општина Карпош добива овластен просветен инспектор во образованието

Во рамки на триесет и шестата седница која се одржа на Универзитетот...

АКТУЕЛНО

За една недела „пајакот“ крена 224 непрописно паркирани возила во Центар

За една недела на територија на општина Центар казнети се 224 возачи...