МАГАЗИН

Тина Тарнер не сакаше една своја песна, а таа ѝ донесе Греми

Легендарната рок пејачка Тина Тарнер вчера почина на 83.годишна возраст после долго боледување.  Зад себе остави голем број хитови, но еден од нив не бил по нејзин вкус.

Во документарецот за нејзиниот живот снимен во 2021 година и емитуван на мрежата ХБО, Тарнер открива дека воопшто не ѝ се допаѓала песната  „What’s Love Got To Do It“, која ѝ донесе Греми награда.

„Тоа е поп песна, ужасно, ужасно. Бев рокерка, а ова беше поп песна“, вели во документарецот легендарната пејачка.

Нејзиниот тогашен менаџер Роџер Дејвис бил одушевен од песната и сметал дека ќе биде голем хит.

„Ѝ реков дека тоа е како џогирање, па двајцата станавме и отидовме да џогираме. Тина песната ја направи во свој ритам“, вели Дејвис.

Кралицата на рокенролот продаде над 180 милиони албуми, освои 12 Греми награди, а нејзините песни ги слушаат и сакаат сите генерации.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Пластика од целулоза за поздрава животна средина

Идејата за биопластика не е нова – веќе некое време, еколошки ориентирани...

МАГАЗИН

Дали замените за месо од растително потекло се навистина подобри за срцето од опциите за месо?

Како што замените за месо од растително потекло стануваат се попопуларни, истражувачите...

МАГАЗИН

Запален олимпискиот оган за ЛОИ „Париз 2024“

Денес беше запален олимпискиот оган за 33-те Летни Летни олимписки игри „Париз...

МАГАЗИН

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

Храната што децата ја јадат влијае на нивниот развој, но и на...