ИНФО

Собрани 60 тони отпад од мини депонии

Од почетокот на неделата екипите на ЈП „Комунална хигиена“ подигнаа и транспортираа приближно 20 кубни метри кабаст, градежен и мешан комунален отпад од обемна дива депонија лоцирана на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош, во скопската општина Бутел.

Отстранети се и вкупно 40 кубни метри отпад од повеќе мини-депонии лоцирани на главната улица во општината Ѓорче Петров, на улицата Владимир Полежиновски зад Универзалната сала, како и на улицата Самоилова, во близина на Амбасадата на САД.

Воедно, во текот на вчерашниот ден, претпријатието спроведе миење и дезинфекција на садовите за одлагање на отпадот заедно со нивните микролокации, на штотуку реконструираната улица Даме Груев.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Изложба на ДЛУМ по повод 30. Министерски совет на ОБСЕ

Во хотелот „Александар Палас“ ќе биде поставена изложба во чест на триесетиот...

ИНФО

Утре бесплатно паркирање во зоните на „Градски паркинг“

Поради одржување на Самитот на ОБСЕ на зонските паркиралишта во надлежност на...

ИНФО

Шалтерите на Водовод денес и утре со скратено работно време

Денес, шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието Водовод и канализација ќе работат...

ИНФО

Посебен режим на сообраќај денес и утре

Денес (среда) во период од 13 часот, па сè до завршување на...