АКТУЕЛНО

ПРИВАТНИТЕ АВТОБУСИ ПАК НА УЛИЦИТЕ: После 6 месеци ни дојде 19-ка

После шест месеци приватните автобуси се вратија на улиците во Скопје. На линиите на кои со години возеа меѓу кои се 9,19,20,22,23,45 од вчера повторно има автобуси и граѓаните не мора со саати да чекаат на автобуските постојки.

„Денеска конечно после пола година мачење ни дојде 19-ка. Не велиме дека превозот е одличен, но со приватните бар има по некој автобус, кога не возеа ние жителите на Шуто Оризари немавме како да стасаме на работа или на лекар“, вели жителка на Општина Шуто Оризари.

Приватните превозници ќе ги опслужуваат линиите: 23, 45, 61, 63, 73, 9, 11, 11А, 12, 47А, 55, 19, 20, 22, 52, 54, со 105 модерни автобуси кои ги исполнуваат еколошките стандарди согласно јавниот повик.

Приватните превозници престанаа да возат во декември бидејќи ЈСП Скопје и Град Скопје не им плаќаа и имаа долг кој нив од 1,5 милиони евра.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Најискрената публика уживаше во младинската театарска претстава „Како ќе го делиме мачорот“

Учениците од Општина Центар го посетија „Тетарот за деца и младинци“-Скопје, со...

АКТУЕЛНО

„Скриени дела и спомени – откривање“ – арт инсталацијата на студентите од ФЛУ Скопје

„Скриени дела и спомени – откривање“ е насловот на арт инсталацијата на...

АКТУЕЛНО

Општина Центар со 17 Еразмус Плус проекти во изминативе пет години

Градоначалникот Горан Герасимовски заедно со Бојан Маричиќ, заменик претседателот на Владата задолжен...

АКТУЕЛНО

Јавен повик за средношколци за учество во проектот Театарот ги обединува младите TRY

Програмата TRY (Театарот ги обединува младите) е меѓународен проект ко – финансиран...