АКТУЕЛНО

НОВА АПЛИКАЦИЈА “МОЕ ЗДРАВЈЕ”: Проверете си го онлајн здравственото досие

Денеска официјално беше презентирана апликацијата „Мое здравје“. Преку неа, секој граѓанин ќе има увид во податоците за сопственото здравје. Апликацијата е поврзана со системот „Мој термин“, од каде се преземаат сите податоци. Реализирани прегледи кај матичен лекар, специјалистички, лабораториски, дијагностички и болнички упати, рецепти, примени вакцини.
Апликацијата вклучува интерактивен пристап кон здравственото досие на секој корисник и дава можност да се има увид во дијагностичките анализи, упатите за специјалистички прегледи, вакцините и сертификатите за вакцинација и многу повеќе информации во форма на лично здравствено досие. Во рамки на ова дигитално решение ќе бидат овозможени и детални информации за сите извршени здравствени услуги. Пристап до апликацијата ќе има секое полнолетно лице со можност да врши увид и како родител/старател во податоците за малолетните лица за кое е одговорен. На ваков начин, секој граѓанин ќе има можност за директен увид во податоците поврзани со личното здравје.

Истата е бесплатна и за преземање од сите заинтересирани полнолетни граѓани, а достапна е за “Android” или “iOS” оперативни системи.

Добро би било да се додаде уште крвна група и алергиски реакции на пациентите, кога веќе тоа е нешто лично и им треба многу често, гласеше еден од предлозите.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Новогодишна еуфорија во април, Арсовска уште од сега не спрема за идниот дочек на Нова година

Новогодишна еуфорија во април месец сеуште може да се забележи во главниот...

АКТУЕЛНО

Вечерва мултимедиајлен настан „Танец во фокусот“ во Кинотека

Вечерва во Кинотека на Македонија во 19 часот, ќе се одржи мултимедиајлен...

АКТУЕЛНО

Започна реконструирањето на тротоарот на улицата „Народен фронт“ во Центар

Општинските служби го започнаа реконструирањето на тротоарот на улицата „Народен фронт“ во...

АКТУЕЛНО

„Лајка“ ќе организира макенбал за кучиња во Градски парк

ЈП „Лајка“ во недела во Градски парк во Скопје ќе организира маскенбал...