АКТУЕЛНО

НЕМА ПОПРАВАЊЕ: Жардиниери наместо вода околу фонтаната на Плоштад

Наместо да се поправи и стави во функција, површинската фонтана на Плоштадот Македонија сега се огради со украсни жардиниери. Претходно со месеци фонтаната беше оградена со пластични прегради, кои значеа дека е забрането движење по неа, бидејќи е пропадната.

Откако лани во ноември по којзнае кој пат, камион пропадна во фонтаната, таа не се поправена. Со оглед дека плочникот стои пропаднат во одредени делови, веројатно овие жардиниери треба да спречат да не настрада некој пешак или велосипедист. Но, и покрај ставените големи саксии, минувачите не знаат дека тие имаат заштитна функција, па повторно си минуваат врз неа.

Во површинската фонтана постојано пропаѓаат камиони.

Во површинската фонтана постојано пропаѓаат камиони. Лани два пати пропадна камион, во ноември и летото кога се носеше опрема за „Пиволенд“ што го организираше Град Скопје. Во март 2021 пропадна камион за чистење на плочникот на ЈП „Комунална хигиена“. После тоа, плочникот на фонтаната со месеци стоеше отворен и заграден со лента за да не минуваат пешаци. Во 2017 пропадна камион додека се подготвуваше пречек на ракометарите на Вардар по освоената шампионска титула.

 

Површинската фонтана беше изградена во време на поранешниот градоначалникот Коце Трајановски и чинеше 2,5 милиони евра. И таа е дел од проектот на владата на Никола Груевски „Скопје 2014“ вреден околу 700 милиони евра.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Најискрената публика уживаше во младинската театарска претстава „Како ќе го делиме мачорот“

Учениците од Општина Центар го посетија „Тетарот за деца и младинци“-Скопје, со...

АКТУЕЛНО

„Скриени дела и спомени – откривање“ – арт инсталацијата на студентите од ФЛУ Скопје

„Скриени дела и спомени – откривање“ е насловот на арт инсталацијата на...

АКТУЕЛНО

Општина Центар со 17 Еразмус Плус проекти во изминативе пет години

Градоначалникот Горан Герасимовски заедно со Бојан Маричиќ, заменик претседателот на Владата задолжен...

АКТУЕЛНО

Јавен повик за средношколци за учество во проектот Театарот ги обединува младите TRY

Програмата TRY (Театарот ги обединува младите) е меѓународен проект ко – финансиран...