КУЛТУРА

Конференција „Филозофија и филм“ на онлајн платформа

Втората меѓународна конференција „Филозофија и филм“ (Philosophy and Film), ќе се одржи денеска и утре (25-26 мај) во онлајн формат од 14 часот до 20 часот и истата ќе може да се следи на зум линкот што ви го испраќаме подолу.

На Конференцијата која што е организирана во во шест сесии ќе земат учество 24 реномирани истражувачи во полето на филм-филозофијата од целиот свет (САД, Канада, Романија, Босна и Херцеговина, Шведска, Италија, Швајцарија, Турција, Шпанија, Велика Британија, Ирска, Португалија, Унгарија, Србија, Украина, Грција, Хрватска и Македонија).

Кеynote говорители на Конференцијата ќе бидат светски познатите во ова подрачје на истражување, Дејвид Стерит (David Sterritt) и Луси Болтон (Lucy Bolton).

Конференцијата е интегрален дел на Филозофскиот филмски фестивал чијашто Главна програма на 13-тото издание ќе се одржи во периодот 2-9 јуни во Кинотеката на С. Македонија. Годинава Фестивалот во својот фокус го има Годар, па соодветно на тоа и инаугуралната сесија е посветена токму на творештвото на овој филмски великан.

Конференцијата е биенална и за наредната година е планирано излегување на Зборник текстови од Конференцијата (по примерот на интернационалниот Зборник кој произлезе од Првата меѓународна конференција во рамките на Фестивалот во 2021 година).

Работен јазик на Конференцијата е англискиот јазик.

Филозофскиот Филмски Фестивал е единствениот филмски фестивал во Македонија и регионот што се одвива на крстопатот помеѓу филозофијата и филмот, и еден од ретките во светот коишто работат во областа на филм-философијата.

Фестивалот е во организација на Филозофското друштво на Македонија, и ќе се одржи со поддршка на Агенцијата за филм и Министерството за култура на Р.С. Македонија, во соработка со Кинотеката на С. Македонија, Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје, Амбасадата на Шпанија во Скопје, како и бројни други долгогодишни соработници и пријатели на Фестивалот .

Сите информации за конференцијата може да се најдат на: https://conference.philosophicalfilmfestival.mk/

Конференцијата може да се следи на следниот линк: https://us06web.zoom.us/j/85839400840…

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

МНТ хуманитарно ќе го одбележи својот 79. роденден со изведба на претставите „Силјан Штркот Шанца“ и „Сите сме птици“

Македонскиот народен театар хуманитарно ќе го одбележи својот 79. роденден со изведба...

КУЛТУРА

Промоција на монографија за Универзална сала, „Скопскиот симбол на хуманоста“

Книгата е издание на ЈУ Универзална сала – Скопје, а објавена е...

КУЛТУРА

„Гола Планина“ организира фестивал „Сепак се врти“ во Градски парк

Во Градскиот парк во Скопје, во делот кај сцената „Лепеза“, на 3...

КУЛТУРА

Клинци број 2 – младинско книжевно читање во Europe House Скопје

Второто книжевно младинско читање кое ќе се одржи во „Europe House Скопје“,...