КУЛТУРА

КАЗНИ НАД 500 ЕВРА ЗА ОНИЕ КОИ ЌЕ ГО ПРЕКРШАТ НОВИОТ ЗАКОН ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Последнава година активно се работи за зачувување и афирмирање на сè што значи македонско и изворно во поглед на јазикот и културата. Тука би ги наброиле традиционалните годишни настани, меѓутоа и многу нови дискусии, манифестации и трибини со кои се дава приоритет на македонскиот јазик.

„Читаме современи автори“ на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, Трибина на тема „Македонскиот драмски автор на сцената на МНТ“, Саем на книга каде централно место имаа македонските автори, филмската ревија „Златна рамка“ со промовирање на македонската кинематографија и уште многу други кои имаат една цел – афирмирање на македонскиот јазик и култура.

Централно место во сите овие дејности зазема македонскиот јазик како единка, структура и идентитет, Токму затоа на оваа тема поразговгаравме со Људмил Спасов претседател на Советот за македонски јазик, кој годинава предложи нов закон за употреба на македонскиот стандарден јазик.

 Какви промени предвидува законот?

СПАСОВ:  Афирмирање на македонската кирилица и македонското писмо-овој закон тоа го бара.  Формирање на Инспекторат за македонски јазик чија цел ќе биде дејствување на терен и подигнување на свеста за важноста од правилната употреба, задолжително лекторирање, изработка на Национална стратегија за македонскиот јазик, но и стипендии за студентите се дел од новините кои се предвидени во новиот Закон за употребата на македонскиот јазик. Во практиката сè повеќе се забележува непочитувањето на законските мерки и негрижата за македонскиот јазик во различни сегменти и на различни нивоа од општествениот живот.

проф. д-р Људмил Спасов

Ќе има ли казни? 

СПАСОВ: Во практиката сè повеќе се забележува непочитувањето на законските мерки и негрижата за македонскиот јазик во различни сегменти и на различни нивоа од општествениот живот. Затоа се предвидени тие казни, само не се тие директни парични казни, прво ќе се даде опомена, па потоа би следувале парични казни во висина од 500 евра па нагоре.

Што ќе значи новиот закон за употреба на македонскиот стандарден јазик за другите јазици во општеството?

СПАСОВ: Ние живееме во држава каде се зборува и пишува на повеќе јазици, впрочем како што е и низ цела Европа. Во зависност од мнозинството во општината. Овој закон не ги негира таквите употреби. Ги поттикнува другите заедници чиј што мајчин јазик не е македонскиот, да го почитуваат и изучуваат затоа што тој е официјален јазик на државата.

Ќе има ли измени во однос на лектурата?

СПАСОВ: Законот не го спречува уметничкото творештво, го поддржува. Она што се издава мора да помине лектура. Тоа зависи во голем дел од посветеноста на лекторите. Има лектори кои ставаат само потпис и толку. Меѓутоа новиот закон и тоа го регулира и ќе следат одземање на лиценци за тие лектори што не си ја вршат нивната работа како што е предвидено.

За крај Спасов констатираше: „Успеавме преку Советот да ја покренеме свеста за јазикот, за постоење заеднички стандарден јазик.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Алиса Фини доаѓа на Саемот на книга во Скопје како гостинка на македонскиот издавач „Сакам книги“

По големиот успех на минатогодишниот Саем на книгата со еден од најчитаните...

КУЛТУРА

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

По повод 15 април, Светскиот ден на уметноста, Асоцијацијата за култура Икон...

КУЛТУРА

Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ

Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ денеска и утре ќе се...

КУЛТУРА

„Record Store Day 2024“ на 20 април во „Буква“

„Буква“ и „Корпус Деликти“ идната сабота (20 април) од 12 до 17...