АКТУЕЛНО

Завршени 70 отсто од градежните работи на Ленинова

Завршени се 70 отсто од градежните активности на улицата Ленинова.

Во моментов се уредува горниот строј на улицата и тротоарите. Поставена е атмосферската, водоводната и фекалната канализација, кабловската мрежа е спуштена под земја, се отстрануваат старите дрвени бандери и се ослободуваат тротоарите. Се поставуваат бехатон плочки на пешачките патеките, при крај е изведбата на велосипедските патеки, се оформува урбаното зеленило и се работи на изведба на резидентните паркинзи.

„По реконструкцијата, граѓаните ќе добијат улица со нов лик и повеќе зеленило, нови тротоари, резидентен паркинг по цела должина на улицата, нова урбана опрема и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување. Безбедна и квалитетна улица изведена во согласност со сите современи стандарди за функционалност“, велат од Општина Центар.

Градежните работи треба да бидат готови кон средината на јули.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Од утре стартува дневната евтина тарифа на струјата

Од утре стартува евтината дневна тарифа на струјата во периодот од 13...

АКТУЕЛНО

Кисела Вода набавува мерна станица за квалитет на воздух што ќе се постави кај Цементарницата

Општина Кисела Вода вчера го распиша огласот набавка на мерна станица за...

АКТУЕЛНО

Скопската зоолошка градина демантира дека немаат адекватен кадар за грижа за животните

Скопската зоолошка градина има двајца дипломирано ветерирани со полно работно време кои...

АКТУЕЛНО

Започна реконструкцијата на улицата „Калош Дани“ во Карпош

Започна реконструкцијата на улицата Калош Дани во општина Карпош. Екипите на јавното претпријатие...