КУЛТУРА

Во Музеј на Град Скопје вечерва се отвора изложбата „Украс“ на Марјана Костојчиноска Узунчева

Вечерва во Музеј на Град Скопје со почеток од 19.30 часот  ќе се отвори изложбата на Марјана Костојчиноска Узунчева, насловена Украс (од циклусот Последната револуција). 

 Творештвото на Марјана Костојчиноска Узунчева со секоја следна изложба буди исклучителен интерес и естетска провокација кај гледачот, без оглед дали е тоа стручна или поширока публика. Во време на постојани неправди, бурни социо-економски и општествени промени и превирања во светот кога се позачестени се протестите како израз на одреден револт, авторката го свртува вниманието кон вечно интригантната и сензитивна тема за положбата и правата на жената во него… 

 За инспирацијата за својот најнов проект, Костојчиноска Узунчева ќе каже:Оваа состојба на жената која постојано мора да ја докажува својата вредност во општеството е навистина исцрпувачка. Да се бори да биде платена исто како своите колеги мажи или мора да преговара за своето право на трудничко боледување, е приказна која не завршува. Овој судир трае, постои и е видлив во секој дел од општеството. Прашањето е дали ќе има преврат на овие вредности? Дали е ова последната револуција? Или акцијата продолжува? 

 Се очекува дека и нејзиниот најнов проект во организација на Музеј на град Скопје, посебно заради неговата интригантност, современост и актуелност на темата која ја обработува ќе придонесе за зголемена и континуирана посетеност на музејот, како и сите претходни досега. Ова и е прва изложба после четири години кога во Галерија 8 ја постави „Деконструкција на пејзажот“.  

На отворањето на изложбата ќе се обрати директорот на Музејот на град Скопје, Панче Велков а изложбата ќе ја отвори претседателката на ДЛУМ, Јана Манева Чупоска.

Изложбата ќе биде поставена до 09.06.2023, во Музеј на град Скопје.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Отворен шестиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2024 година

Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“...

КУЛТУРА

Италијански дизајн во Скопје

Деновите на италијански дизајн во Скопје почнуваат на 14 март во Сули...

КУЛТУРА

Рачно изработени еколошки и одржливи производи на македонските дизајнери и занаетчии во „Лабораториум“

Накит, модни додатоци, индустриски производи, мебел, дизајнерски производи наменети за деца, но...

КУЛТУРА

„Симбиоза” – изложба на Бојан Ковски

Во Музејот на град Скопје, денес, 29 февруари, во 20 часот, ќе...