КУЛТУРА

(ЕКСКЛУЗИВНИ ФОТОГРАФИИ) ВРЕДНА КОЛЕКЦИЈА НА ИЗЛОЖБАТА ПО ПОВОД 70-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ НА ИСТОРИСКИ МУЗЕЈ

Во Музејот на Република Македонија сe одбележа 70-годишниот јубилеј од отпочнувањето на дејноста на Историскиот музеј со отворањето на изложбата „70 Години Историски музеј на Македонија“. Изложбата нуди ретка можност пошироката јавност да се запознае со бројни дела на еминентни македонски сликари и скулптори, од колекцијата на Историскиот оддел при музејот.
Како што ни изјавија од Музејот на Македонија, досега има многу малку посетители за оваа изложба, но се надеваат дека изложбата ќе разбуди интерес кај посетителите бидејќи навистина е извонредна можност на едно место да се видат врвни достигнувања од македонската уметност.
Се работи за вредна колекција на плакати, уметнички дела, оружје, лични предмети на Крсте Мисирков, Димитар Чупоски, меѓу кои и печат на началникот на штабот на македонското востание од 1878 – 79 година.
Изложбата ќе биде отворена во текот на целата година.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Седмо издание на „Винодонија“ на 8. и 9. декември во Скопје

На 8 и 9 декември во Скопје ќе се одржи седмото издание...

КУЛТУРА

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ во Драмски театар Скопје

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ вечерва ќе се одржи во Драмскиот...

КУЛТУРА

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе вечерва во НОБ

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе, ќе се изведе на сцената на Националната...

КУЛТУРА

Објавен конкурс за наградата „Маџирмаалски поетски бранови“

Извршниот одбор на традиционалните „Маџирмаалски поетски средби“ и Комисијата за  Комисијата за...