АКТУЕЛНО

Арсовска купи 140 нови клупи од по 500 евра

Во Градот, според договорот што го склучила градоначалничката Данела Арсовска ќе се поставуваат 140 клупи од по 500 евра. Вкупно од градскиот буџет ќе се издвојат 76.556 евра. Во договорот е предвидено иситите фирмата што го добила тендерот и да ги монтира но каде, односно на кои локации ќе се ставаат новите клупи никаде не е наведено.
Во договорот стои дека „Носителот на набавката е должен испорката и монтажата на клупите да ја извршува сукцесивно, во период од 12 месеци, сметано од денот кога е потпишан договорот“, а тоа е на почетокот минатиот месец. До денес од Град Скопје нема ниту една информација дека некаде низ главниот град се поставени нови клупи.
Истовремено во договорот стои дека фирмата што ги набавила клупите ќе треба да добие поединечен налог со утврдена потребна количина за испорака и монтажа на клупите како и локациите во зависност од потребите на градот.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Со индекс на загаденост 161, воздухот во Скопје е оценет како „нездрав“

Во главниот град  се измерени 161 микрограми на кубен метар ПМ 2,5...

АКТУЕЛНО

Повторно евтина дневна тарифа на струјата за домаќинствата

Домаќинствата почнувајќи од денеска во периодот од 13 до 15 часот повторно...

АКТУЕЛНО

По 60 години се испитуваат магистралните цевководи за Скопје

Градоначалничката Данела Арсовска, како што стои во соопштението, ја промовирала изработката на...

АКТУЕЛНО

Традиционално осветлување на Новогодишната елка во Скопје Сити Мол

Влезете во светот на чудата во Скопје Сити Мол овој декември. Во 18:30...