Сите сме доживеале непријатно чувство на надуеност, но некои луѓе почесто имаат проблеми со тоа. За чувството на ситост во желудникот најмногу е виновен типот на исхрана, а не само количината што се јаде, а стомакот е тврд на допир и поголем од вообичаено. Понекогаш надуеноста е придружена со грчеви, гасови, дијареа, а поради притисокот може да се јават болки во долниот дел на грбот и проблеми со дишењето. Некои од причините се голтање воздух поради пребрзо јадење, запек кој создава притисок во цревата, нетолеранција на лактоза, но и нарушување на цревната флора поради, на пример, земање антибиотици. Овие неколку намирници ќе ви помогнат да се чувствувате полесно:
Овошје
Портокалиот и лубеницата се богати со вода, поради што ги чистат токсините од телото. Лубеницата е околу 92% вода, а портокалите помеѓу 80 и 90%. Некои овошја како боровинки, јагоди и круши се богати со влакна, па ќе помогнат во варењето и ќе ја ублажат надуеноста. Грејпфрутот, покрај тоа што најмногу е составен од вода, дури 90%, содржи и ензими кои го забрзуваат согорувањето на мастите.
Зеленчук
Марулата и спанаќот содржат многу витамини, минерали и влакна и се исклучително ефикасни за запек. Краставиците содржат кверцетин, антиоксидант кој го смирува надуеноста. Семето од анасон има лековити соединенија кои ги релаксираат мускулите во дигестивниот тракт и го олеснуваат поминувањето на гасовите. Можете да ги џвакате или направите чај од нив. Целерот е познат како средство за чистење на телото бидејќи е диуретик и борец против гасови.
Зачини
Освен што се вкусен зачин, чили пиперките го намалуваат високиот крвен притисок и содржат капсаицин, состојка која го забрзува метаболизмот. Лукот е исклучително здрав бидејќи помага во намалувањето на мастите во црниот дроб, чија главна задача е ослободување на нечистите материи од телото. Нането и ѓумбирот се ефикасни во намалувањето на гасовите во телото, а со тоа ја спречуваат надуеноста. Магдоносот е исклучително здрав за целиот дигестивен систем, вклучувајќи надуеност и гасови. Можете да го користите или свеж или сушен. Коријандерот ги ублажува и грчевите и надуеноста.
Јогурт
Освен што е богат со вода, јогуртот го поттикнува создавањето на добри бактерии во желудникот и на тој начин го забрзува варењето.
Житарици
Овесната каша и другите видови житарки се богати со растителни влакна, па затоа ја забрзуваат работата на цревата . Доволни се 25 грама житарки дневно. Не претерувајте, бидејќи можете да постигнете сосема спротивен ефект – надуеност.
Говедска супа
Без разлика дали е крем или бистра, говедската супа е полна со заситени масти и е добра за варењето.
Кога да се оди на лекар?
Побарајте лекарска помош ако сте ги промениле навиките во исхраната и ако симптомите не престануваат. Исто така, ако го забележите и следново:
- болката како резултат на надуеност трае долго или се влошува
- постојана надуеност
- повраќање
- треска
- отечени глуждови
- за време на бременоста се јавува неочекувана надуеност
- имате жиговина веднаш штом ќе се разбудите.
Leave a comment