ЅВЕЗДИТЕ ВЕЛАТ

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ДО 27 МАЈ!

Раковите неодоливи, Овенот подготвен за заеднички живот, а еве кој е премногу баран.

Венера, планетата на љубовта, е во Рак и на припадниците на овој знак им дава неверојатен шарм и харизма. Исто така, Рибите и Скорпиите ќе бидат под влијание на Венера, па може да очекуваат пресврт на емотивен план.

ОВЕН

Од следната недела главно ќе се занимавате со тоа како да остварите заеднички живот со партнерот. Доколку веќе живеете со вашиот избраник, можно е да се обидете да создадете романтична атмосфера во заедничкиот дом.

БИК

Во наредниот период нема да има толку многу шанси така лесно да најдете можности за романса, како што беше во претходните недели, но ќе имате можности за романса со некој со кој првиот контакт ќе биде од професионален карактер.

БЛИЗНАЦИ

Почнувајќи од следната недела, ќе имате уште повеќе можности и уште подобри шанси за романса. Извесни се средба со некој што ви се допаѓа, изјави за љубов или наклонетост, флерт. Ако сте слободни, средбата со помлада личност ќе додаде возбуда во вашиот љубовен живот.

РАК

Овој период е одличен за љубов бидејќи планетата на убавината и љубовта Венера е во вашиот знак. Поради ова, ќе бидете неодоливи за сите околу вас и ќе се појават можности за романса и љубов. Единствен проблем ќе биде да се направи избор со толку богата понуда.

ЛАВ

Претстојната недела е критична за вашиот љубовен живот. Напредокот што сте го постигнале може да биде исфрлен од колосек поради несогласување во врската или несогласување со личност која ви се допаѓа. Ќе се обидете да бидете помирливи, но нема да успее.

ДЕВИЦА

Можно е да доживеете страст со некој од вашиот круг на пријатели, но не и љубов. Љубовта или ќе ви избега, или ќе имате тајни чувства, па дури и тајна врска. Исто така, можно е да ве интересира некој со кој можете да имате само платонска врска на далечина.

ВАГА

Ќе ви се допаѓаат луѓе кои се или странци, или живеат во странство или имаат некаква врска со странство. Исто така, ќе ве привлекуваат интелектуалци, професори, односно луѓе од кои можете да слушнете и научите нешто паметно и мудро.

СКОРПИЈА

Љубовниот живот веќе ви е интересен, а ќе биде уште повеќе следната недела. Сигурно ќе доживеете романса, ако не љубов, но има добри шанси и за љубов. Сè што треба да направите е да бидете социјални и да посетите некое место за забава или некој настан.

СТРЕЛЕЦ

Ќе бидете многу страсни, но и премногу директни во настапот, поради што ќе имате помал успех во љубовта отколку што би можеле доколку малку поработите на вашиот пристап. Избегнувајте агресивно однесување или премногу ентузијастички став.

ЈАРЕЦ

Следниот период ќе биде прекрасен и многу ветувачки кога е љубовта во прашање. Пред се затоа што ќе имате контакт со многу различни, но подеднакво атрактивни луѓе. Ќе ве инспирира да сакате и може да се заинтересирате за повеќе од една личност.

ВОДОЛИЈА

Доколку веќе сте во врска, партнерот ќе биде нервозен, а врската поради тоа ќе биде нестабилна. Доколку сте сингл, можно е да ви се допадне некоја активна и спортска личност или некој што носи униформа или дрес, а таквите луѓе ќе ги сретнете често.

РИБИ

Ќе бидете премногу напорни и вашата критичност ќе биде исклучително изразена. Затоа, ќе имате многу помал успех во љубовта во однос на претходниот период. Ќе ве напушти целиот шарм и ќе остане само сарказам и бараност, кои никој нема да сака да ги трпи.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ЅВЕЗДИТЕ ВЕЛАТ

Љубовен хороскоп до 2 март

Венера, планетата на љубовта, е во Водолија заедно со Марс, каде силно...

ЅВЕЗДИТЕ ВЕЛАТ

Неделен хороскоп за 26. февруари до 3. март

Прочитајте го неделниот хороскоп од 26. февруари до 3. март 2024 година...

ЅВЕЗДИТЕ ВЕЛАТ

Нeделен хороскоп од 19. до 26. февруари

Пред нас е недела полна со непредвидливи настани бидејќи во Водолија се...