АКТУЕЛНО

ОД 1.500 ДО 2.000 ЕВРА ПО МЕТАР КВАДРАТЕН ЗА МУВЛОСАНИ ЅИДОВИ

Во Скопје со години се гради неконтролирано и уште помалку квалитетно. Инвеститорите кои градат станбени згради во поурабниот дел од градот, метар квадратен продаваат за 1500 до 2000 евра. Цената на становите ескалираше значително многу, а пак овие што ја диктираат се вадат на покачени цени на материјалите за изградба.

Какви материјали се употребуваат за изградба на станбените згради никој не води есап. Што всушност плаќаат граѓаните при купување на стан е повеќе од незивесно. Извесна е само локацијата, меѓутоа на тоа име не може да се нуди ‘фушерај’.

Револтирана скопјанка сподели за екипата на 091инфо.мк фотографии од нејзиниот дом кој се наоѓа во населба Козле во станбена зграда на ул. Козле.

А.Т. „Ужас, при стан не можам да седам во него и по неколку дена. Зградата каде што живеам е направена пред неколку години а сите станари во неа се соочуваат со проблем со мувла и влага. Прво ги праќам децата за да не дишат влага и мувла а потоа и заради употреба на штетни материјали за да се отстрани влагата и мувлата од ѕидовите. Проблемот се повторува неколку пати годишно и никој не е надлежен за овој проблем. Ние како купувачи не сме заштитени со договори или закон кој би ги штител нашите права“.

Од друга страна пак, купувачите на станови никако не се заштитени со договор или слично ако се доцни со изградбата односно предавање на објектот во употреба по направениот технички прием.

Се доцни од повеќе причини, меѓутоа тоа обично се должи на прилично кратките рокови кои се задаваат и заради се поголемиот недостиг на работна сила, и тоа особено на гипсари, плочкари, електричари, водоинсталатери, молери. Единствено брзо одат армирачко бетонските и ѕидарските работи а потоа се заглавува уште минимум година и половина во занатските работи.

Токму затоа е важно граѓаните кои планираат да купат стан во изградба да бараат во договорите компаниите да се обврзуваат да испочитуваат рокови или во спротивно да плаќаат пенали.

Во иднина проблемот со доцнење ќе биде се поголем бидејќи работната сила во овој сектор станува се подефицитарна и со тек на време ќе има поголеми одолговлекувања и при земјените и армирачко бетонските работи поради недостиг од возачи на кипери,миксери и друга механизација.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“ победник на ораторската вечер „Иво Пухан“

Студентката Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и...

АКТУЕЛНО

Ќе се постават 15 велосипедски паркинг- држачи во основните училишта и две сервисни станици

Основните училишта на територијата на Општина Гази Баба ќе добијат велосипедски паркинг-...

АКТУЕЛНО

Општина Карпош добива овластен просветен инспектор во образованието

Во рамки на триесет и шестата седница која се одржа на Универзитетот...

АКТУЕЛНО

За една недела „пајакот“ крена 224 непрописно паркирани возила во Центар

За една недела на територија на општина Центар казнети се 224 возачи...