МАГАЗИН

Нови чевли се купуваат навечер

Многу жени веруваат дека меѓу многуте различни видови модели обувки во плакарот, тешко е да се одлучи за еден чифт. Тоа некако зависи од модниот стил и вкус, но, се чини, жените се согласуваат дека најлоши чевли се оние неудобните и што предизвикуваат плускавци.

Се случува вообичаено – жената која купува „се вљубува“ во чифт чевли, но откако ќе ги обуе првпат дома, сфаќа дека ѝ се неудобни и не може да направи чекор повеќе во нив. Следи прашањето – како не го сфатила тоа при пробувањето во продавницата?

Постои начин да се избегне таа непријатна случка – со купување чевли во вистинско време. Тајната е во разликата во часот и времето од денот кои влијаат на тоа.

Имено, нозете се менуваат во текот на денот. Наутро воопшто, човекот се чувствува посвежо, пропешачил помалку и стапалата не му / ѝ се отечени. Тоа значи дека ако наутро ќе му / ѝ одговара помал број.

Но, подоцна дента, тоа се менува. Нозете се поуморни, а една од последиците се отечени стапала. Не е тешко да се погоди – тогаш ќе одговара поширок калап на чевелот и поголем број.

Затоа советот гласи – нов чифт чевли се купува во последната третина од денот – колку подоцна, толку подобро. На тој начин новите чевли ќе Ви одговараат преку целиот ден, т.е. ќе бидат поудобни и нема да создаваат плускавци.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Угина Мали – „најтажната слоница на светот“

Слоницата Мали која активистите за природата ја нарекоа „најтажната на светот“ угина...

МАГАЗИН

Потопен древен град – туристичка атракција во источна Кина

На длабочина од 40 метри, дното на езерото Ќијандао во Кина сведочи...

МАГАЗИН

Нова опција на „Ајфон“ потенцијално опасна за децата

Најновата верзија на оперативниот систем за телефоните и таблетите на „Епл“, како...

МАГАЗИН

„Гугл“ почнува со бришење неактивни мејл-адреси и профили

„Гугл“ во декември ќе почне со бришење милиони профили на услугите „Г-мејл“,...