АКТУЕЛНО

ПРИРАЧНИК ЗА ВОЗЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ: Сè што треба да знаете за новата атракција во градот

Каде можат да се најдат, колку чинат и до каде можат да се возат.

Од минатата седмица скопјани добија нова атракција во градот. Станува збор за електрични тротинети кои можат да се изнајмуваат, а од истите на располагање има вкупно 500. Електричните тротинети може да се сретнат на повеќе локации низ Скопје, од Ѓорче Петров па се до Ново Лисиче. Па толку едноставно како што звучи, секој може да се послужи со нив.

За користење на истите, потребно е да ја имате симнато апликација ‘БинБин’ на вашиот мобилен телефон. При отворање на апликацијата се отвора мапа на која ви се прикажуваат најблиските слободни тротинети, колку батерија имаат и уште колку време има преостанато до испразнување на батеријата. Преку апликацијата се врши и плаќањето кое пак чини 9 денари минута, но доколку преку апликацијата ставите средства од 300 денари, добивате плус 45 денари гратис, а доколку ставите 500 денари, добивате плус 100 денари гратис. Така, цената излегува околу 7 денари за минута возење.

Електричните тротинети можат да се возат само во рамки на дозволените граници означени на мапата која ја дава апликацијата. На пример можат да се возат до Бутел, но не и во Радишани, дозволено е во одредени делови од Визбегово, но не и во Шуто Оризари.

Дозволен реон е Ново Лисиче, но забранета зона е Населба Лисиче. Можат да се возат до Кисела Вода но не и понатаму.

Во вечерните часови, тим ги пронаоѓа преку ГПС-систем и ги враќа на пунктовите за полнење, па така утредента се одновно подготвени за користење.

Кога станува збор за безбедноста во сообраќајот, апликацијата нè потсетува на почитување на безбедносните правила, односно ни препорачува носење на кацига, почитување на вертикална и хоризонтална сигнализација. Исто така е наведено дека управување на тротинетите под дејство на алкохол е небезбедно и забрането.
Во нашата земја се уште немаме закон или конкретен правилник зпри возење на електрични тротинети.

Екипата на 091инфо.мк утринава заблежа и делумни оштетувања на тротинетите кои беа пуштени пред само неколку дена.

Мислењата, пак, се поделени, едни сметаат дека е супер урбано и евтино, а на други им е скапо и доста небезбедна алтернатива.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

АКТУЕЛНО

Од утре стартува дневната евтина тарифа на струјата

Од утре стартува евтината дневна тарифа на струјата во периодот од 13...

АКТУЕЛНО

Кисела Вода набавува мерна станица за квалитет на воздух што ќе се постави кај Цементарницата

Општина Кисела Вода вчера го распиша огласот набавка на мерна станица за...

АКТУЕЛНО

Скопската зоолошка градина демантира дека немаат адекватен кадар за грижа за животните

Скопската зоолошка градина има двајца дипломирано ветерирани со полно работно време кои...

АКТУЕЛНО

Започна реконструкцијата на улицата „Калош Дани“ во Карпош

Започна реконструкцијата на улицата Калош Дани во општина Карпош. Екипите на јавното претпријатие...