АКТУЕЛНО

„АВАНТУРИТЕ ВО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ“: Во 57-ца има сè, само воздух не

Доколку се возите во градски автобус број 57, низ патешествието кое би траело и повеќе од 40 минути ќе се изнагледате сè и сешто. Денот ќе ви започне „прекрасно“.. Намуртени лица, расправии, недоволен простор, а можете и да слушнете туѓ телефонски разговор за тоа како некој купил дрва или како друг се хоспитализирал.. Напикани во еден кош, залепени еден до друг нема ни воздух за дишење. Наглите кочења се исто така дел од билетот кој е потребен да го имате за овој ‘филм’. Просторот за лице со инвалидитет кое инаку е предвидено, во текот на целиот ден не е достапно, па така целосно се оневозможува можноста за превоз на истите лица.
Гужва има и во 9 часот наутро кога всушност утринскиот метеж од учениците е веќе поминат, а неможноста грѓаните да се симнат од средниот дел на автобусот поради врвулицата од луѓе кои сакаат да се качат е дополнителен проблем.
Сограѓаните велат дека доколку автобусот е преполн, нè секогаш застанува на предвидените автобуски постојки.

И ова трае со месеци…

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Утре бесплатен разглед на Скопје по повод Светскиот ден на туристички водичи

По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската aсоцијација на туристички водичи...

АКТУЕЛНО

Прва канцеларија за родителство во Карпош

Во рамки на програмските активности на Општина Карпош, денес се одржа работен...

АКТУЕЛНО

Поставени две кутии за донација пред влезот на ЗОО

Скопската Зоолошка градина се приклучува на хуманитарната акција за успешно лекување на...

АКТУЕЛНО

Нов кош, голчиња и детски реквизити на спортските и на детското игралиште во населбата Пролет

Општина Центар ги реконструираше малото фудбалско, кошаркарско и детското игралиште во населба...