СЦЕНА

ДЕНЕС ВО ЈАВНА СОБА: Премиера на Животинска приказна

Претставата “Животинска приказна” во режија на Александар Јовановски, денеска премиерно ќе се одигра во Јавна Соба.

“Животинска Приказна” е сублимација на “Домашен живот” и “Зоолошка приказна”, две дуо драми од Едвард Олби кои во својата беспрекорна корелација го доловуваат недостатокот на комуникација – главното нешто кое ги одвојува луѓето од животните.

Претставата говори за удобноста во која луѓето запаѓаат додека го живеат својот живот, заборавајќи на необврзувачката задача да се биде човек во вистинска смисла… човек кој е обичен следбеник на животното. Иако блиски, ликовите во Животинска приказна, секој на свој начин се сосема оддалечени од животното во себе, губејќи ги основните пориви кои го движат моторот на животот или пак се нурнуваат во нив, давејќи се во длабочината и така сосема го забораваат вистинското животно во себе.

Ликовите во претставата ги толкуваат актерите Никола Кузелов, Ања Митиќ и Виктор Велевски. Билети за претставата можат да се набават на https://www.bileti.mk/e/zivotinskaprikazna.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Изложба на светски познатата медалистка Надја Розева во Чифте Амам

Во тек се последните подготовки за отворањето на самостојната изложба „Медална скулптура“...

СЦЕНА

Со проекција на „Жена-Убиец / Фониса“ во Кинотека завршува Фестивалот на грчки филм

Со проекција на анимираниот краткометражен филм „Поглед од балконот“ на Арис Капланидис...

СЦЕНА

Јубилејно 20. издание на Танц фест Скопје

Во својата програма фестивалот ќе презентира повеќе домашни и странски кореографи на...

СЦЕНА

Медална скулптура на Надја Розева во Чифте амам

На 11 април 2024 година, четврток, во 19:30 часот, во Чифте амам...