МАГАЗИН

Што точно ги прави меурчињата од шампањот толку убави, а така предвидливи?

Според новото истражување, вкусниот начин на којшто меурчињата на „шампањското“ го скокоткаат јазикот, зависи од тоа колку „сапуница“ има во пијалакот.

Кога се истураат во чаша, газираните пијалаци не се пенат на ист начин. Газираната вода на пр. создава „пукачки меурчиња“ коишто се шират низ површината на стаклото. Во пивото, меурчињата почнуваат во една линија, па се шират нанадвор, често до прелевање…

Но, „шампањот“ е елегантен. Создава меурчиња кои се креваат во чисти, прави линии, како „на подвижна лента“ од дното на стаклото. Што точно ги прави меурчињата од шампањ толку убави, а така предвидливи?

Физичарите од Универзитетот „Браун“ во Провиденс, САД, и Универзитетот на Тулуз, Франција, велат, ја откриле тајната. Според нив, „шампањското“, „просекото“ и другите пенливи вина содржат повеќе „сапунски“ соединенија познати како сурфактанти. Всушност, се чини дека овие масни киселини се дел од она што го прави пијалакот толку вкусен.

„Теоријата е дека во шампањското, овие честици коишто дејствуваат како сурфактанти се добри состојки. Овие протеински молекули, кои даваат вкус и уникатност на течноста, се она што ги прави стабилни синџирите од меурчиња што ги произведуваат“, објаснува инженерот Роберто Зенит, кој студира механика на течности на Универзитетот „Браун“.

Ова може да биде особено корисно во истражувањето длабоки водни извори што исфрлаат метан и јаглерод-диоксид, каде што е тешко директно да се земат примероци од материјалите или да се следат појавите и нивните својства во воздухот и водата. Доказот цело време бил во „просекото“, истакнуваат стручните лица.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

МАГАЗИН

Совети за родители и поуспешни деца

Начинот како се разговара со децата и како родителот се однесува во...

МАГАЗИН

Марго Роби подготвува филм за играта „Монопол“

о светскиот успех на филмот „Барби“, Марго Роби повторно му се навраќа...

МАГАЗИН

И покрај благодетите на јаболката, постои момент кога не смеете да ги консумирате

Она што повеќето луѓе не го знаат е дека постои одредено време...

МАГАЗИН

Минатиот месец забележан како „најтоплиот март“ во светот

Минатиот месец беше „најтоплиот март“ забележан на глобално ниво, според мерењата направени...