МАГАЗИН

Фејсбук се извини за ненамерното „автоматско“ испраќање пријателства

Фејсбук се огласи за случајот од пред неколку дена кога илјадници корисници осознаа дека автоматски се испратиле барања за пријателство до случајни луѓе чии профили другите крисници ги прегледале. Утрово многу корисници добија известување од социјалната мрежа.

„Прегледајте ги барањата за пријателство во дневникот на активности. Неодамна решивме проблем поради кој некои барања за пријателство беа испратени по грешка. Се извинуваме и ги откажавме барањата за пријателство што беа испратени поради оваа грешка. Може да го отворите дневникот за активности за да ги прегледате барањата за пријателство што сте ги испратиле или примиле“, се вели во соопштението.

Интернет-хаосот настана минатата седмица, кога некои корисници препознаа дека интернет-страната Фејсбук самата испраќа барања за пријателство до профили прегледани од корисникот „испраќач“ или до сосем непознати луѓе. Проблемот се појавил на светско ниво.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Угина Мали – „најтажната слоница на светот“

Слоницата Мали која активистите за природата ја нарекоа „најтажната на светот“ угина...

МАГАЗИН

Потопен древен град – туристичка атракција во источна Кина

На длабочина од 40 метри, дното на езерото Ќијандао во Кина сведочи...

МАГАЗИН

Нова опција на „Ајфон“ потенцијално опасна за децата

Најновата верзија на оперативниот систем за телефоните и таблетите на „Епл“, како...

МАГАЗИН

„Гугл“ почнува со бришење неактивни мејл-адреси и профили

„Гугл“ во декември ќе почне со бришење милиони профили на услугите „Г-мејл“,...