АКТУЕЛНО

Славески не закажува вонредна седница за банкротот на Град Скопје

Нема да има вонредна седница за блокираната сметка и банкротот на Град Скопје. Советничката група на СДСМ пред една недела достави барање за итна седница, но претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ не ја закажува.

Славески се правда дека чекал извештај од градоначалничката Данела Арсовска за да имаат матријали за кои ќе расправаат и додека не ги добие не може да ја закаже седницата. Градоначалничката Арсовска матријали за финансиската состојба не му праќа и тврди дека Градот не бил банкрот.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ не бара вонредна седница, ниту се приклучи на барањето на СДСМ итно да се расправа за финансиската состојба на Градот.

Од СДСМ велат дека поради неспособноста ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска Град Скопје е со блокирана сметка и се наоѓа пред банкрот, го игнорираат овој проблем и не закажуваат вонредна седница на Советот.

„Многу извесно е дека во текот на летото ќе видиме како дел од јавните претпријатија доцнат со исплата на платите, а дел од нив воопшто нема да можат да исплатат плати на своите вработени. Градот Скопје и институциите во негова надлежност веќе доцнат со исплати кон добавувачите, но се очекува ситуацијата целосно да излезе од контрола и да следуваат низа тужби сѐ со цел да си ги наплатат средствата што јавните претпријатија ги должат. Како последица од сето тоа ќе бидеме сведоци на се полоши услуги што овие јавни претпријатија ги даваат, градот ќе станува се позапустен и понечист“, вели Васко Кичевски претседател на Градската организација на СДСМ.

Градоначалничката Арсовска пак тврди дека Градот не е банкрот туку се наоѓал во одлична финансиска состојба.

„Градот Скопје ниту е блокиран ниту е во банкрот. Редовно се сервисираат тековните обврски, а без пречка се реализираат сите проекти. Градот Скопје е единствена институција во Македонија која работи со позитивни резултати и покрај политичките и институционалните обврски. Меѓу останатото сме единствена институција која прва линеарно ги зголеми платите“, велат од кабинетот на Арсовска.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Истражување: Прегратката го прави детето поинтелигентно

Секојдневната прегратка, што родителите можат да му ја пружат на детето –...

АКТУЕЛНО

Град Скопје го одбележа 1 Март – Денот на нулта дискриминација

Градоначалничката на Град Скопје, денеска во средното училиште на Град Скопје „Јосип...

АКТУЕЛНО

На 30 хонорарци им се прекинати договорите во МКЦ

Со одлука на директорот на МКЦ, Арбен-Бени Шаќири, на 30 хонорарци од...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Еколошката свест кај децата носи зелена и одржлива иднина

Во рамки на кампањата „Редуцирај. Селектирај. Рециклирај”, и Меморандумот за соработка кој...