КУЛТУРА

Промоција на зборникот на трудови „Антево перо“

Во Порта Македонија, вечерва во 19 часот, ќе биде промовиран Зборник на трудови поднесени на Меѓународниот научен симпозиум „Антево дело“, одржан во Лазарополе, родното село на македонскиот поет, академик Анте Поповски.

Печатењето на Зборникот е реализирано во рамките на Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски-Антево перо“.

Во Зборникот се објавени трудови од академик Катица Ќулавкова (МАНУ), проф. д-р Ала Шешкен од МГУ „Ломоносов“ од Москва, Руска Федерација, член на МАНУ надвор од работниот состав, проф.д-р Венко Андоновски, дописен член на МАНУ, проф. д-р Кристина Николовска, проф. д-р Емилија Црвенковска, проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска, проф.д-р Бојан Ортаков, Филип Фиданоски, (во моментот на печатењето на Зборникот работеше како м-р на Универзитетот на Нов Јужен Велс Кенсингтон Сиднеј, Австралија, а сега е д-р при Универзитетот во Болоња, Емилија-Ромања, Италија), м-р Бранко Цветкоски, м-р Сузана В. Спасовска, м-р Александра Јуруковска и асс. м-р Иван Антоновски.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Филмови на Јан Кадар во Кинотека

Филмови на еден од најголемите режисери на денешницата, словачкиот режисер Јан Кадар...

КУЛТУРА

Изложба на фотографии на украинска визуелна уметница Софија Чотирбок

Во Националната Галерија Мала Станица се отвара изложбата на фотографии насловена како...

КУЛТУРА

Традиционален „Зимски салон 2024“ на ДЛУМ во Чифте амам

„Интимност и интерконекција“ (Intimacy and Interconnection) е насловот на биеналната изложба „Зимски...

КУЛТУРА

„Кобалт Синергија“ во галеријата на МКЦ

Во галеријата на Младински културен центар во Скопје овој петок (23 февруари)...