АКТУЕЛНО

Приватните автобуси уште ги нема, возачите на ЈСП бараат поголеми плати или ќе протестираат

Приватните превозници уште не се дел од јавниот превоз. Градоначалничката Данела Арсовска пред десетина дена изјави дека тие ќе се вклучат во јавниот превоз од 15 мај, но и од ова нејзино ветување ништо.

Огласот за приватни превозници заврши на 24 април и со него приватни автобуси треба да има на линиите 9,11,11А,12,19,20,22,23,45,47А,52,54,55,61,63 и 73. За овие линии потребни се 115 автобуси и 245 возачи.

Извори за 091инфо коментираат дека приватниците не сакаат да почнат да возат додека не им биде исплатен целиот долг кој го има ЈСП „Скопје“ кон нив.

Во меѓувреме јавниот превоз во главниот град е во колапс. Автобуси нема редовно на постојките, граѓаните чекаат со саати, доцнат на работа, во училиште и на лекар. Кога ќе дојде автобус тој е преполн, па во него нема место да се качат сите патници.

До уште поголем хаос во јавниот превоз може да дојде доколку почнат да штрајкуваат возачите на ЈСП. Тие доставиле барање до раководството на претпријатието за израмнување на платите со минималната плата и доколку мајската плата не им биде повисока за 2.170 денари, од јуни ќе почнат со протести.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Утре бесплатен разглед на Скопје по повод Светскиот ден на туристички водичи

По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската aсоцијација на туристички водичи...

АКТУЕЛНО

Прва канцеларија за родителство во Карпош

Во рамки на програмските активности на Општина Карпош, денес се одржа работен...

АКТУЕЛНО

Поставени две кутии за донација пред влезот на ЗОО

Скопската Зоолошка градина се приклучува на хуманитарната акција за успешно лекување на...

АКТУЕЛНО

Нов кош, голчиња и детски реквизити на спортските и на детското игралиште во населбата Пролет

Општина Центар ги реконструираше малото фудбалско, кошаркарско и детското игралиште во населба...