Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денес на својот Фејсбук профил најави интензивно лето со нови проекти. Тој најави 12 нови проекти и тоа:
- Асфалтирање на нови 25 улици од кои 5 главни клучни сообраќајници;
- Уредувањето на речното корито на река Серава во Радишани во должина од 1500 метри;
- Нов плоштад “Слобода”;
- Ново лед осветлување;
- Нови спортско рекреативни центри во населените места Љуботенски Пат и Бутел 1 на улица Бетовенова;
- Ново фудбалско игралиште со вештачка трева од затворен тип;
- Нова пешачка патека во должина од над 1000 метри во населеното место Љуботенски Пат;
- Нов потпорен ѕид во населеното место Радишани помеѓу улиците 50 и 48;
- Нови мали плоштади во повеќе населени места;
- Нови детски игралишта;
- Нова фасада на општинското основно училиште Панајот Гиновски;
- Надградба на општинското основно училиште Ацо Шопов.
Leave a comment