АКТУЕЛНО

„Отворен контејнер“ на последната автобуска во Волково

Последната постојка на автобусот број 22 во Волково е претводрена во отворен контејнер. На неколку места околу постојката се формирани мини депонии, каде што може да се види секакво ѓубре, од џебен отпад, градежен шут и кеси домашно ѓубре.

И кантите за отпадоци со денови не се чистат, па се извор на реа и зарази.

Жителите велат дека оваа слика веќе подолго време е присутна во нивното населено место и дека никој не реагира и не го чисти овој потег од градот.
Детското игралиште што се наоѓа веднаш до автобуската постојка е целосно неупотребливо бидејки освен купиштата ѓубре тоа целото е обрасното со треви и до два метри, жбунови и како што велат мештаните „не е безбедно за забава и рекреација на децата’.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Со индекс на загаденост 161, воздухот во Скопје е оценет како „нездрав“

Во главниот град  се измерени 161 микрограми на кубен метар ПМ 2,5...

АКТУЕЛНО

Повторно евтина дневна тарифа на струјата за домаќинствата

Домаќинствата почнувајќи од денеска во периодот од 13 до 15 часот повторно...

АКТУЕЛНО

По 60 години се испитуваат магистралните цевководи за Скопје

Градоначалничката Данела Арсовска, како што стои во соопштението, ја промовирала изработката на...

АКТУЕЛНО

Традиционално осветлување на Новогодишната елка во Скопје Сити Мол

Влезете во светот на чудата во Скопје Сити Мол овој декември. Во 18:30...