ИНФО

МОН: Сите ученици навреме ќе ги добијат свидетелствата за учебната 2022-2023 година

Сите ученици навреме ќе ги добијат свидетелствата за учебната 2022-2023 година, завршена е постапката за набавка и во тек е испораката, соопшти денеска Министерството за образование и наука (МОН).

-Учениците од основните и средните училишта навремено ќе ги добијат свидетелствата за учебната 2022-2023 година, во текот на јуни. Бирото за развој на образованието под чија надлежност е спроведувањето на постапката за набавка на педагошка документација за училиштата, вклучително и свидетелства, веќе ја реализираше оваа обврска. Според информациите од БРО, склучен е договор со економски оператор и истиот веќе ги испорачува свидетелствата за сите одделенија, а завршена е доставата за учениците од четврто и деветто одделение во основното образование, како и за учениците од завршните години во средното образование, наведува МОН.

Според МОН, по целосната испорака, секое училиште индивидуално ги одредува датумите за доделување на свидетелствата за секое одделение.

„Апелираме тоа да се случи што поскоро по завршување на наставната година, која согласно календарите за организација на работата на училиштата, за основците трае до 14 јуни, додека за средношколците до 9 јуни“, се наведува во соопштението од МОН.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денес претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и...

ИНФО

Две лица вчера биле каснати од улични кучиња

Во текот на вчерашниот ден до полицијата стигнале две пријави за каснувања...

ИНФО

СКОПСКАТА ПОЛИЦИЈА СО ДНЕВНИ КОНТРОЛИ: Казнети 137 возачи, 43 за возење без возачка дозвола

Сooбраќајната полиција вчера на територија на град Скопје изрече 137 казни за...

ИНФО

Жичницата на Водно денес нема да работи поради технички зафати

Жичницата на Водно денес нема да работи поради предвидени технички зафати, информира...