АКТУЕЛНО

Годинава над 3.000 учесници во спортската манифестација ПРВ ДО ВРВ

Најмасовната спортска манифестација на здружението „ПРВ ДО ВРВ“ која изминатиот викенд по 11ти пат се одржа на Водно забележи рекорден број на учесници. Како што се вели во соопштението на Градот, бројката на учество надминала 3000 учесници.

Стартот на велосипедистите беше пред Музејот на Град Скопје, а повеќе од 1000 велосипедисти, во категорија на друмски велосипедизам, планински велосипедизам и возење електричен велосипед се натпреваруваа до врвот на Водно, додека пак, над 2000 планинари со пешачење или планинско трчање ја завршија трката.

За разлика од матурската парада која се одржа изминатиот петок на Плоштадот Македонија, градоначалничката Данела Арсовска, овој пат се појави за да ги поздрави учесниците.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...