СЦЕНА

ВЕЧЕРВА ВО ДОМ НА АРМ: Концерт на АКУД „Мирче Ацев“ – Скопје

Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ – Скопје, вечер во Домот на Армијата ќе одржи  концерт по повод Денот на сесловенските просветители. На концертот ќе настапат фолклорниот и хорскиот ансамбл на друштвото, како и народниот оркестар.

Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ е симбол на македонската култура и уметност, амбасадор и презентер на македонското хорско, драмско и фолклорно творештво. Посочуваат дека седум децении се подвижен музеј на непроценливото македонско богатство, кое претставува историја и идентитет на македонскиот народ.

АКУД „Мирче Ацев“ е формиран од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1949 година како потреба на студентската младина да ги собира, негува и обработува македонското фоолкорно богатство, ората, песните, инструментите, богатите оригинални носии, македонскотоо хорско пеење со цел да го презентира Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во земјава и надвор од неа преку фестивали, концерти и други настани во областа на културата.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Викендов „Златно Славејче“ во Филхармонија, гостува познатиот рапер Пајак

Претстојниот викенд во Скопје ќе се одржи годинешното издание на реномираниот детски...

СЦЕНА

Омаж за Каталин Ладик и претставата „Слугинки“ вечерва на МОТ

Претставата „Слугинки“ во продукција на Турскиот театар во Скопје вечерва ќе биде...

СЦЕНА

Десетици театарски настани, претстави, предавања и промоции на 48 издание на Младиот отворен театар – МОТ

МКЦ го најавува 48-то издание на Млад отворен театар – МОТ, од...

СЦЕНА

Почна „Скомрахи 2023“, на програмата 25 филма и седум студентски пиеси

Со краткиот филм „Тага“ во режија на Тина Величковиќ и дипломската театарска...