ИНФО

ДЕНЕС ПОСЕБЕН РЕЖИМ: Овие улици околу Американската амбасада ќе бидат затворени

Денес со почеток во 08.00 часот, од страна на Министерството за внатрешни работи, во координација со Амбасадата на САД, ќе се спроведе оперативно-тактичка вежба, при што од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе се преземат мерки за посебен режим на сообраќајот.

Притоа, за сообраќај ќе бидат затворени ул.„Самоилова“, на потегот од ул.„Лазар Личеновски“ (Амбасада на САД) до крстосницата со ул.„Прохор Пчински“ и ул.„Самоилова“ и ул.„Лазар Личеноски“, на потегот од зградата на ЈП Водовод до Амбасадата на САД во Скопје. По потреба, затворен за сообраќај ќе биде и бул.„Никола Карев“, на потегот од ул.„Македонско – косовска бригада“ до ул.„8 Септември“, како и ул.„Македонско – косовска бригада“, на потегот од крстосница со ул.„Џон Кенеди “ до крстосница со бул.„Никола Карев“ во Скопје, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

СКОПСКАТА ПОЛИЦИЈА СО ДНЕВНИ КОНТРОЛИ: Казнети 154 возачи, 25 за возење без возачка дозвола

Сooбраќајната полиција вчера во Скопје изрече 154 казни за сообраќајни прекршоци. Mеѓу...

ИНФО

Нова опрема за учениците од ООУ „Гоце Делчев“ во општина Илинден

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, го посети подрачното основно училиште „Гоце...

ИНФО

Во февруари хуманиот третман го поминале 130 кучиња

Jавното претпријатие „Лајка“ известува дека во месец февруари, хуманиот третман го поминале...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со услови за краткотраен дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд....