АКТУЕЛНО

ГРАДОТ ИМА РОК ОД 60 ДЕНА: Арсовска треба да најде пари за бесплатен превоз и на студентите од приватните факултети

Град Скопје има рок од два месеци да иницира измени и дополнувања на одлуката за давање на субвенција на ЈСП Скопје со кој ќе се утврди правото на бесплатен превоз и на студентите запишани на приватните универзитети, откако Комисијата за спречување и заштита од дискриминација даде мислење дека се прави директна продолжена дискриминација врз основа на личен и општествен статус на студентите од приватните универзитети.

Тоа значи дека градоначалничката Данела Арсовска треба да обезбеди пари за бесплатен превоз на сите редовни студенти и од државните и од приватните универзитети.

Во одлуката на Комисијата се наведува дека редовните студенти од приватните факултети треба да користат бесплатен јавен градски превоз. Студентите од приватните факултети поднесоа претставки до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, откако беа исклучени од можноста и тие бесплатно да го користат јавниот градски превоз.

„Според мислењето на КСЗД, утврдено е директна продолжена дискриминација врз основа на личен и општествен статус, редовни студенти на приватни универзитети, извршена од град Скопје во областа пристап до добра и услуги во образованиот процес. Сметаме дека мислењето на Комисијата ќе вроди со плод и ние ќе можеме да користиме бесплатен превоз како нашите колеги од државните универзитети. Три години сум стипендист, а има исто така и многу други студенти кои се со стипендија, навистина ова за нас е големо олеснување и можам да кажам дека конечно правдата дојде на видело“, изјави претседателката на студентско собрание на ФОН, Мила Петрушевска.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Утре бесплатен разглед на Скопје по повод Светскиот ден на туристички водичи

По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската aсоцијација на туристички водичи...

АКТУЕЛНО

Прва канцеларија за родителство во Карпош

Во рамки на програмските активности на Општина Карпош, денес се одржа работен...

АКТУЕЛНО

Поставени две кутии за донација пред влезот на ЗОО

Скопската Зоолошка градина се приклучува на хуманитарната акција за успешно лекување на...

АКТУЕЛНО

Нов кош, голчиња и детски реквизити на спортските и на детското игралиште во населбата Пролет

Општина Центар ги реконструираше малото фудбалско, кошаркарско и детското игралиште во населба...