РИТАМ НА ГРАДОТ

НА ШКОЛКА ВО ГРАДСКИ ПАРК: Добри вибрации – музика и иновации

Амбасадата на Шведска денес организира настан на Школка во Градскиот парк насловен „Добри вибрации – Музика и иновации“. Во фокусот ќе бидат шведската музика и иновациите.

„Светските музички хитови на шведски бендови, пејачи, но и продуценти и текстописци ќе ги пренесат Диџеј Васо и познатиот скопски бенд „Бендофф“. Посетителите ќе имаат можност да ја проследат дигиталната изложба „Шведски музички моменти“, а ќе биде поставена и изложба која во фокус ги става иновациите на шведските компании каде посетителите ќе имаат можност и да се запознаат со некои од шведските компании присутни во Северна Македонија“, најавуваат од Амбасадата.

Исто така, на настанот ќе се одржи дискусија со младите, на која на динамичен начин ќе бидат претставени неколку успешни македонски стартапи основани од млади луѓе со инвентивни и иновативни идеи, како и дел од екосистемот на поддршка за младите претприемачи.

Поводот за настанот е одбележување на 500 години независност на Шведска, но и 30 години дипломатски односи со Република Северна Македонија, а е и тековен претседавач со Советот на Европската унија до крајот на јуни. Од неодамна Шведска ја впиша и 7-та евровизиска победа, со што се додаде уште еден музички момент кој повикува на прослава.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

РИТАМ НА ГРАДОТ

„Fame’s unplugged session“ во Café Literatura

Утре, од 12:30 до 13:45 часот, во ‘Café Literatura’ (Дајмонд мол), љубителите...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Фестивал на современа македонска поп музика – ПОП КУЛТУРА

Оваа сабота, на 17 февруари, во 20:30 часот во едукативниот културен центар „Лабораториум“ ќе се одржи...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

Модната изложба „Носиме УМЕТНОСТ/llevamos ARTE/nous portons l’ART“, составена од креации на студентите...

РИТАМ НА ГРАДОТ

По 12. пат „Земјотрес“ во МКЦ

Најголемиот фестивал на свежа, домашна и независна музика Земјотрес, ќе се одржи...