АКТУЕЛНО

„Втора шанса“ за бесплатно завршување во средното училиште Васил Антевски дрен

Учениците и невработените лица кои од било која причина не го завршиле средното образование имаат можност бесплатно да завршат во средното училиште „Васил Антевски-Дрен“ и да добијат диплома за економски и правен техничар.

Ова средно економско училиште е дел од програмата и проектот поддржан од Европската унија и со помош на Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјална политика во насока на активација на ранливи групи на пазарот на трудот кадешт целна група се сите невработени лица кои од бил која причина не го финализирале своето формално образование.

-Целта на овој проект е да ги зголемат компетенциите на учениците и невработените лица во насока на унапредување на нивниот личен и професионален развој и активно вклучување на пазарот на трудот.

„За нас како училиште ова е одлична можност сите ученици кои го имаат статусот на вонредни ученици да бидат дел од оваа програма. Програмата трае до март 2024 година каде што сите финансиски трошоци кои се потребни за финализирање на четвртата година по лице, а тоа се 14.250 ден. и стекнување на диплома економски техничар и правен техничар да ја искористат и да бидат дел од оваа активна мерка ‘Втора шанса’“, вели директорката на училиштето Тања Јовановска.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Истражување: Прегратката го прави детето поинтелигентно

Секојдневната прегратка, што родителите можат да му ја пружат на детето –...

АКТУЕЛНО

Град Скопје го одбележа 1 Март – Денот на нулта дискриминација

Градоначалничката на Град Скопје, денеска во средното училиште на Град Скопје „Јосип...

АКТУЕЛНО

На 30 хонорарци им се прекинати договорите во МКЦ

Со одлука на директорот на МКЦ, Арбен-Бени Шаќири, на 30 хонорарци од...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Еколошката свест кај децата носи зелена и одржлива иднина

Во рамки на кампањата „Редуцирај. Селектирај. Рециклирај”, и Меморандумот за соработка кој...