АКТУЕЛНО

ВО НЕДЕЛА НА ПЛОШТАД ДЕЛФИНА: Жителите на Влае со маалска дружба ќе кажат не за новиот ДУП и бетонизација на насебата

Иницијативата „Борба за Влае“ во недела од 12 до 14 часот на плоштадот Делфина организира маалска дружба на која се поканети советниците и градоначалниците на Општина Карпош и Град Скопје со цел да го изразат своето незадоволство за новиот ДУП, како и бетонизација на населбата Влае.

Жителите на Влае, собрани под иницијативата „Борба за Влае“, се обидуваат да ја задржат улицата северно од основното училиште Димо Хаџи Димов во својата моментална состојба. Загрижени се од активностите на Општина Карпош за носење нов урбанистички проект за улиците Есперанто и Ангел Динев во Влае 2, токму околу основното училиште. Овој урбанистички проект би ѝ овозможил на општината да отпочне со работа на терен без претходно изгласување на предлог деталниот урбанистички план од страна на советниците во општината.

Жителите се дополнително загрижени што по промената на трасата на овие улици ќе се одземе дел од училиштниот двор и ќе се ослободи простор за изградба на 11 катница на просторот на старата траса од улицата, кој е државно земјиште што лесно може да се искористи за окрупнување на градежната парцела на сопственикот на бараките кај Кино Влае.

Маркичка за зграда се предвидува на празниот простор кај „Кам маркет“ односно во делот каде населбата Влае се граничи со населбата Хром. Овој простор како што велат жителите е државно земјиште и бараат да се направи парк, а не да се распродава државна земја за бизнис интереси со приватни градежници.

На местото на инклузивното игралиште за деца со посебни потреби на плоштадот Делфина пак е вцртана маркичка за црква. Детското игралиште беше направено пред три години и него тогаш го отвори ексградоначалникот Стефан Богоев.

Овој ДУП еднаш беше донесен во претходниот мандат на градоначалникот Стевче Јакимовски, но во 2018 година е укинат од Уставен суд.

Затоа тие ги покануваат градоначалниците и советниците на Општина Карпош и Град Скопје на средби за да ги слушнат нивните барања и да ги поддржат со своите ингеренции.

Барањата од Борба за Влае кон нив се следните:

  1. Советниците на Град Скопје ги молат да предложат и гласаат повлекување на Регулациски план за ГУП за Четврт СЗ 19 во Скопје, одлука 27-1496/5 од 23.02.2021.
    2. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ја молат да побара од планерите кои работат на Генералниот урбанистички план за Скопје да се задржи постоечката траса на ул. Есперанто и да се ограничи домувањето во Влае 2 соодветно на инфраструктурата, без “линиски центри” кои го игнорираат капацитетот на инфраструктурата. Со тоа Општина Карпош ќе мора да ја почитува трасата на Есперанто и параметрите од повисоко ниво во идниот Детален урбанистички план за Влае 2 (Градска четврт СЗ 19).
    3. Советниците на Општина Карпош ги молат да не гласаат за предлог ДУП-от во кој трасата на ул. Есперанто е исправена и минува до училиштето, а на нејзината стара траса се нацртани згради.
    4. Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, го молат да го повлече барањето за Урбанистички проект за инфраструктура со намена Е1.1 – Сообраќајни инфраструктури, за Сервисна Улица „С5“ и дел од Сервисна Улица „С4“ од Регулациски план на ГУП за Градска Четврт СЗ 19, Блок СЗ 19.02, Општина Карпош до донесувањето на новиот ГУП на Град Скопје и ДУП за Градска Четврт СЗ 19.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Утре бесплатен разглед на Скопје по повод Светскиот ден на туристички водичи

По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската aсоцијација на туристички водичи...

АКТУЕЛНО

Прва канцеларија за родителство во Карпош

Во рамки на програмските активности на Општина Карпош, денес се одржа работен...

АКТУЕЛНО

Поставени две кутии за донација пред влезот на ЗОО

Скопската Зоолошка градина се приклучува на хуманитарната акција за успешно лекување на...

АКТУЕЛНО

Нов кош, голчиња и детски реквизити на спортските и на детското игралиште во населбата Пролет

Општина Центар ги реконструираше малото фудбалско, кошаркарско и детското игралиште во населба...